Учениците од 4-та година кои до прекинот на наставата не предаваа лекција ,
треба да изработат Power point презентација и истата да ја испратат на:
kirilbuckovski@gmail.com
Учениците од ПМА: IV-1, IV-2, IV-3, IV-5 (ПМА), IV-8 (ПМА) треба да направат презентација на тема Животна средина.
Можат да изберат лекција од учебникот или содржина по сопствен избор на тема Животна средина (на пр. Обновливи извори на енергија-сончева енергија, енергија на ветер, хидро енергија, гео-термална енергија, Загадување на животната средина,…итн.).
Учениците од ПМБ: IV-4, IV-8 (ПМБ), треба да направат презентација на тема Вселена.
Можат да изберат лекција од учебникот или содржина по сопствен избор на тема Вселена (на пр. Сонце, Месечина, Планети, Екстрасоларни планети, Соѕвездија, Црни дупки, Живот во Вселена, тераформирање, …итн,).
Насловот на презентацијата треба да биде во следниот облик:
Klas_ImeiPrezime_Naslov
Презентациите треба да бидат испратени најдоцна до 16.04.2020.
Ако двајца ученици одберат иста тема, тогаш да се договарат и да ја поделат содржината (на пр. темата Сончеви колектори може да се подели на Топлински колектори и Фотонапонски колектори , темата Планети може да се подели на Внатрешни планети во Сончевиот систем и Надворешни планети во Сончевиот систем или една тема за една планета итн.).
Ако имаат прашања учениците да ме контактираат на мојот мејл со наслов За предавање .
Со почит, Кирил Буцковски.