“Успехот е она што ни ја враќа самодовербата и нè прави среќни и задоволни”

“Успехот е она што ни ја враќа самодовербата и нè прави среќни и задоволни”

Моментите на среќа и радост се особено драгоцени тогаш кога ќе се остварат во рамките на едно прекрасно опкружување, а среќата се мултиплицира тогаш кога е поделена и споделена.

Учениците од СУГС-“Раде Јовчевски- Корчагин” се секогаш исполнителни и успешни кога станува збор за натпреварите. Во сите натпревари во кои учествуваат постигнуваат голем успех, се искачуваат високо на врвот, каде само комплиментите, честитките и наградите се круна на нивната истрајна и успешна подготовка.

На 13 април 2019 година, на 55 Државен натпревар на младите истражувачи од Република Северна Македонија одржан во Куманово, во организација на Народна техника на Македонија и Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија-” Наука на младите”-Народна техника- Куманово, нашиот одличен ученик Давид Митревски од I-8, освои втора награда од областа Агротехника под наслов “Автоматска регулација на температурата во сончева сушилница” под менторство на професорката по биологија Симона Јовевска.
Успехот на нашите ученици под менторство на нашите особено ангажирани професори е неминовен, затоа што тие секојдневно ги поттикнуваат и влеваат неверојатно чувство на амбиција со една преданост од која произлегува љубов кон професијата, а тоа се огледува во успехот на нашите ученици.

Ви посакуваме уште многу и уште поголеми успеси во иднина! Секогаш нека ве краси храброст, истрајност, преданост кон науката, сопствената решеност за триумф и искачување високо на скалилата на успехот!

Честитки од директорот Драган Арсовски и сите професори на СУГС-” Раде Јовчевски- Корчагин”.