ЧОВЕК
Взаемно ја играме претставата на скриените маски.
Заплеткани во својата депресија,
лажеме и манипулираме со истите зборови кои меѓусебно не уништуваат.
Како телата да ни се пресечени со жилет,
оставени на милост и немилост.
Како рацете да ни се заврзани во јажето на лагата,
и не можеме да ги помрднеме нив.
Не размислуваме што правиме,
и судиме без да сослушаме.
Повторно го гледаме квантитетот на кој дрско му се потсмеваме со кисели насмевки,
Да тоа сме ние.
Тоа е човекот.
Омаловажувачки грабиме од туѓото,
а не даваме од своето.
Живееме во својата скржавост,
а со тоа ни се полни егото.
Да тоа сме ние
Тоа е човекот
Тоа се луѓето.