• Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт
КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:
(02) 3115-116
rade.korcagin@gmail.com
Ул. “Трета македонска ударна бригада” број 9, Скопје 1000
СУГС Раде Јовчевски - Корчагин
  • Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт

Училиште

Хуморот е здрав – смеата лековита

  • Date April 1, 2021

Драги ученици,

на денот на смеата и шегата, Ве поздравувам и посакувам што почесто да се смеете и да имате што повеќе причини за смеење, бидејќи здравиот хумор и смеата имаат изразито повеќекратно позитивно дејство.

Смеата и хуморот смируваат, хармонизираат, социјализираат… Предизвикуваат пријатни емоции, прирoдно обезбедуваат состојба на опуштеност, ги олеснуваат, зацврстуваат и унапредуваат интерперсоналните односи.

Преку хуморот и смеата многу нешта полесно се кажуваат, ја менуваат перцепцијата на проблемот, проблемот го прават решлив, помагаат во одржувањето на емотивна рамнотежа и позитивен став, така придонесуваат и подобро да се адаптираме на новонастанатите околности . Во поновите истражувања се нагласува и дека го зголемува бројот на клетки кои произведуваат антитела, што го јакне имуниот систем и го чува нашето здравје.

Музиката која ја сакаме делува закрепнувачки, не опушта, дава сила, елан, волја и добро расположение.  Негувајте навика на слушање на добро одбрана музика , музика што ви создава пријатни емоции и профинува духот.

Танцувањето е одличен начин да се ослободиме од напнатост. Значи музика и да танцуваме, …со други или сами….важно да играме, скокаме….танцуваме J

Физичка активност.  Човековиот организам е конструиран за активност, не за мирување. Затоа, за да остане способен и издржлив треба да се движиме.  Кај лица кои не се движат доволно се јавуваат несоница, млитавост, проблеми со концентрација, нервоза…   Затоа, за да бидеме здрави и витални треба да се движиме и практикуваме физички активности кои треба да бидат правилни и оптимално дозирани.    Не случајно кога некога сакаме да го прашаме “како е?” , го прашуваме “како оди?”.

Боите , покрај декоративната функција, делуваат на нашата психа. Колор терапијата не е новина на современиот човек. Во стар Египет и Грција боите се користеле за исцелување во т.н. храмови со лековита светлина, на пр. Хелиополис.

Истражувањата покажуваат дека сината боја го намалува крвниот притисок, а црвената го повишува. Подолгото изложување или престој во црвено или портокалово обоени простории влијае на  намалување на концентрацијата, предизвиува нетрпеливост, пад на концентрацијата, раздразливост, напнатост, нервоза…

Зелената боја делува смирувачки, обезбедува внатрешен мир.   Гарсија Лорка пишувал: “…зелено, зелено, те сакам зелено…”.   Влијанието на зелената боја е уште една причина за што повеќе да престојуваме и да се движиме во природа.

Оптимизмот помага во соочувањето со проблемите и создавање подобри социјални мрежи.  Кон себе и кон другите да се однесуваме со почит и љубов, не понижувајќи се себе си, а и не воздигнувајќи се себе си, ни другите. Да завладееме со самоконтрола над своите мисли, своите чувства, своето однесување. Да воспоставиме душевна рамнотежа без која нема оптимизам и успех во животот.

Драги ученици,

фокусирајте се на позитивни нешта, комуницирајте со драги луѓе кои ве смеат и опуштаат, гледајте, читајте, слушајте пријатни содржини… и така, со оптимизам, позитивен став и расположение можеме да го надвладееме секој предизвик!  ….можеме   !

 

Ќе ме израдувате ако ми ги испратите вашите омилени вицеви, посебно ако се за психолози.

Поздрав

Тони Анев  –  училишен психолог

anevtoni@yahoo.com

  • Share:
author avatar
1nf3rn0

Previous post

Календар за полагање на државна матура
April 1, 2021

Next post

Промоција на книга "Љубов од одаите на душата".
June 8, 2021

You may also like

1641666976276
Корчагинци дел од проектот за развој на образование за социјалното претприемништво
18 March, 2022
Picture1
Учество на наставници на обуката Најдобри практики во образованието во Финска и Естонија
30 December, 2021
simple-yellow-alarm-clock-minimalism-design-3d-render
Распоред на времетраење на часовите
22 February, 2021

Leave A Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Најнови вести

литературната средба со Раде Силјан
24Jan2019
фестивал Џифони-Македонија
24Jan2019
“Јазик” – VI Корчагински мјузикл
28Mar2020
Етичките предизвици во време на пандемиска образовна дистопија
10Dec2020
Фонд за поддршка на талентирани студенти
18Feb2021

© Powered by Fenix Design. 2022

Back to top