Фонд за поддршка на талентирани студенти
Меѓународната невладина организација Македонија2025 го отвори повикот за прием на апликации во склоп на Фондот за поддршка на талентирани студенти за тековната 2021/2022 година.
Македонија2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади. Во текот на оваа година, ќе се стипендираат 10 индивидуи, при што поддршката за секој кандидат ќе изнесува 60.000 денари, исплатени во 10 еднакви месечни износи на годишно ниво.
Повеќе информации за повикот, може да најдете на следниов линк: