Проект – Пацио 2.0
Од 18.09.2022 започнаа подготовките за проектот Пацио 2.0 со цел да се оживее изгледот на Пацио. Почетокот на овој проект започна со бојадисување на старите клупи на кои беа насликани најразлични креативни и уникатни дизајни. Иако овој процес сè уште трае, голем број на клупи добија нов изглед со кои се разбива монотоната атмосфера во Пацио. Дизајните на клупте се симплистички, но прекрасно направени. Секој дизајн се разликува од другите, правејќи ја секоја клупа уникатна и незаборавна.