• Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
    • Алумни
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт
КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:
(02) 3115-116
Ул. “Трета македонска ударна бригада” број 9, Скопје 1000
СУГС Раде Јовчевски - Корчагин
  • Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
    • Алумни
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт

II

Нострадамус

  • Date March 24, 2020

,,Моите предвидувања, исто како и на пророците од старите времиња, ќе се покажат како точни и прецизни во одредени моменти во иднината”

Најпознатиот светски пророк, доктор Мишел де Нотрдам, живее во време на ренесансата која им врти грб на средновековната заостанатост и црковната догма. Неговиот поглед кон медицината сепак е средновековен, базиран на знаците на астрологијата. По смртта на првата жена и двете деца од чума, не може да си прости шти ги оставил сами, за да бара лек за црната болест, без да предвиди дека болеста му влегува дома. Фатално се посветува на предвидувања и пророштва и станува познат и признат низ Франција, омилен доктор и пророк на кралицата Катарина Медичи.Ја претскажува смртта на кралот Анри II , но подоцна кралицата го наградува и покрај непријатната прогноза. Двосмисленоста на неговите стихови и мешаницата од латински, хебрејски, италијански и француски јазик е параван, да се заштити од инквизицијата која книгите и умните ги палела на клада, за да манипулира со неукоста. Му се припишуваат предвидувањата за индустриската револуција, патот во вселената, убиствата на Кенедиеви, терористичкиот напад на Америка… Предвидува дека до судниот ден во 3797 година, човештвото ќе поминува низ Дантеовиот Пекол очекувајќи го доаѓањето на третиот антихрист (покрај Наполеон и Хитлер). Наполеон знаел дека Нострадамус му предвидел императорска круна и секогаш со себе носел примерок од книгата користејќи ги во политичките цели. Сите сме сведоци на драматични космички случувања, промена на магнетните полови, земјотреси, климатски промени, разноразни болести, нивни мутации и вируси, религиозни судири кои може да кулминираат во војна меѓу исламот и христијанството, ескалација на кризата во Украина: ,,Зад Црно море и Тартарија доаѓа крал кој преоѓа преку Аланија и Арменија и во Византија го остава својот крвав стап”. Не бил наивен играч и обичен шарлатан, ја предвидува и сопствената смрт, на 30 јуни 1566 година му напишал на својот слуга: ,, Утре на изгрејсонце мене нема да ме има”. Погребан е во локалната црква на негово барање, да не му газат врз гробот. Неговите пророштва не секогаш се поклопувале во реалноста ( спасивме глава од крајот на светот во 1999 година), и не биле со цел да заплашуваат, туку за да се одбегнат можните катастрофи. Повлекување на папата Бенедикт XVI го поврзуваат со толкувањата на Нострадамус, кој запишал дека на светот ќе дојде црн папа, претходник на третиот антихрист. Во негово време Ватикан бил тоа што денеска е Америка… Едно од најкомичните толкувања со Нострадамус произлегува од стиховите: ,,Од мирно утро крај ќе дојде кога бројот на круговите кои го играат коњи ќе биде 9 “. Кога прегледот на you tube на симпатично заразната игра на корејската музичка sвезда Псаја т.н. Гангнам стајл (коњска игра) ќе достигне преглед од милијарда (цифра со 9 нули) ете ни го крајот. Христијанска КАБАЛА Кабала во превод значи традиција, на хебрејски усно предание. Како мистична философија за воспоставување врска со Бога, извршила влијание на астролошките идеи на западниот свет. Се смета дека во Европа прв пат се појавила во Прованса, родното место на Нострадамус и дека неговиот дедо по мајка го научил доста работи. Бидејќи нема цифри во хебрејското писмо, 22 букви се користени како броеви. Според кабала секој збор може да се поврзе со броеви и да им се даде поинакво толкување преку збирот и меѓусебна комбинација, техника позната како ГЕМАТРИЈА. На пример, се верува дека зборот Амин е кратка верзија на изразот Бог, крал вреден за доверба ( El melkh ne eman). Со ваква метода од текстот се вадат акроними, а со друга кабалистичка метода може да се дешифрира текст со преместување на букви т.н. ТЕМУРАХ. Се претпоставува дека Нострадамус користел кабала методи пишувајќи ја својата книга ,,ПРОРОШТВА”. Како и да е, Нострадамус е еден од ретките личности кои влијаеле врз историјата на светот.

  • Share:
author avatar
1nf3rn0

Previous post

Волфганг Амадеус Моцарт
March 24, 2020

Next post

"Јазик" - VI Корчагински мјузикл
March 28, 2020

You may also like

Untitled-1
“Крпен Живот” – Стале Попов
16 April, 2020
atelier_de_nicolas_de_largilliere_portrait_de_voltaire_detail_musee_carnavalet_-002
“Кандид” – Волтер
4 April, 2020
Tartuffe-1
“Тартиф” – Молиер
30 March, 2020

Leave A Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

© Powered by Fenix Design. 2022

Back to top