Во време на пандемија, во време на online настава кога комплетно се промени нашиот живот, Корчагинци генијално и со креативна движечка сила се спротивставуваат на новото наметнато секојдневие. Проектната активност „Литературни клубови и драмски секции“ функционира како романтичарски Sturm und Drang и е вистинска творечка гимнастика за младите неуморни умови. Генијални идеи, сонови, размисли, хуманистички перспективи произлегоа на online состаноците со овие млади луѓе. Текстови поврзани со теми од дела кои се дел од програмата за работа по предметот Македонски јазик и литература, лични креативни текстови, радио емисии, документарен филм, драмска изведба на личен драмски текст, анкети, литературни средби со македонски современи писатели, сето тоа е овогодишната работа на оваа проектна активност. Особена чест и задоволство е да се има таква група на млади ентузијасти. Вечно да нѐ држи истиот и да нѐ прави посебни и горди што сме дел од образовната елита на СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“.

м-р Митра Блажевска,

професор по Македонски јазик и литература

и одговорен професор за проектна активност „Литературни клубови и драмски секции“

1 и 2 година.