• Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
    • Алумни
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт
КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:
(02) 3115-116
rade.korcagin@gmail.com
Ул. “Трета македонска ударна бригада” број 9, Скопје 1000
СУГС Раде Јовчевски - Корчагин
  • Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
    • Алумни
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт

erasmus

Корчагинци дел од проектот за развој на образование за социјалното претприемништво

  • Date March 18, 2022

Учениците од втора и трета година кои се дел од проектот SEED Ерасмус, заедно со професорките Татјана Голчева, Марина Пешевска и Лидија Стојчева, успеаа да основаат своја ученичка компанија со доделен минимален буџет од организаторите и да развијат прекрасна идеја која ги доведе до тројно поголема заработка. Во рамките на проектот учествуваа ученици заинтересирани за Иновации и претприемништво од трите гимназии: од Македонија (Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје), од Хрватска („Прва сушачка гимназија“-Ријека) и од Литванија („Лиздеикос“-Радвилишкис). Проектот го координира Здружението за социјални иновации „АРНО“ во партнерство со училиштата од трите земја и граѓанската организација „GoGreen “ од Белгија, финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Еразмус + К2. Ученичката компанија ја сочинуват млади креативци и ентузијасти кои се неуморни и незапирливи во остварувањето на својот сон. Тоа се: Викторија Поповска, Милијана Стојановиќ, Екатерина Стојановска, Вероника Блажевска, Сара Андоновска, Ангела Зимбакова, Миа Чучак, Бојана Вуќичевиќ, Марија Колевска, Јани Зиков, Невена Митевски, Антонина Граматниковска, Калина Стефкова. Не смееме да ги заборавиме и нашите драги професорки кои што постојано не бодреа и поттикнуваа во реализација на истото. Огромна благодарност и до стрелачкиот клуб ,,Стрелец” кој што е сместен во просториите на СУГС Гимназија „Раде Јовчевски- Корчагин“ и кој ни помогна и овозможи да ја реализираме нашата идеја и да дојдеме до посакуваната заработка. Настанот траеше две седмици со термини во вторник и четврток од 18.30- 20.00h. Со помош на тренерите од стрелачкиот клуб над 150 ученици ги испробаа своите стрелачки вештини. Настанот беше од забавен, но и од натпреварувачки карактер и за најдобрите тројца следуваа награди. Најинтересно од се беше што покрај ученици се пријавија и професори. Со тоа ја добивме целосната поддршка од сите. Имајќи во предвид дека нашата главна цел е социјално претприемништво поголем дел од реализираните средства ќе бидат дадени на оние на кои што им се најпотребни. Ние сме среќни кога ги правиме и другите да бидат среќни. Насмеаното лице значи повеќе и од најголемото богатство на светот.

Ова е еден од локалните настани кои ги организираа учениците во склоп на овој Еразмус проект, додека во текот на целата година учествуваат и на неделни работилници, настани за социјално претприемништво како и разговори со успешни Корчагинци кои токму од вакви проекти прераснале во успешни претприемачи во своите полиња на активности.

За повеќе инвормации и ативности кои се дел од овој проект, информирајте се на www.seed-project.net

  • Share:
author avatar
1nf3rn0

Previous post

Учество на наставници на обуката Најдобри практики во образованието во Финска и Естонија
March 18, 2022

Next post

Бизнис идеи
March 23, 2022

You may also like

IMG-4381
Проект – Пацио 2.0
13 November, 2022
favicon
📢 Корчагинската Алумни програма е официјално отворена!
8 November, 2022
Picture1
Едукативна активност „Имам став!“
11 July, 2022

Leave A Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

© Powered by Fenix Design. 2022

Back to top