КОНКУРС ЗА ЛИТЕРАТУРНИ И АУДИОВИЗУЕЛНИ ДЕЛА ПОСВЕТЕНИ НА 9 МАЈ – ДЕНОТ НА ЕВРОПА
- Date April 1, 2020
По повод ДЕНОТ НА ЕВРОПА, Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА – Скопје, во соработка со Европската асоцијација на професори и Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје, распишува:
КОНКУРС
за најдобри аудиовизуели и литературни остварувања посветени на
9 Мај – Денот на Европа.
На конкурсот може да се пријават дела од следниве области:
- Литература (Поеми, кратки литертурни состави и раскази)
- Фотографија (Дигитална фотографијаи графички дизајн )
- Анимација (Анимирани видео соржини)
- Филм (Видео од дигитални и мобилни уреди)
- Композиција (Музички дела)
Конкурсот е првенствено наменет за матурантии средношколци, но може учествуваат и автори од други возрасти.
За секоја од петте области ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите во сите области се состојат од диплома, вредносен пакет (книги) и парична награда во износ: за прва награда – 10.000 денари, за втора награда – 7.000 денари и за трета награда – 5.000 денари.
Освен тоа, Интернационалениот универзитет ЕУРОПА ПРИМА, ќе додели и 10 стипендии во форма на вредносни ваучериво висина од по 1000 евра, за студии на следните катедри: Филмска и ТВ режија, Камера, Монтажа, Анимација,Продукција, Фотографија, Филм и дигитални медиуми, Виртуелна реалност и видео игри, Звучен инженеринг, Музичка продукција, Драматургија, Актерска игра, Театарска режија, Композиција, Вокална интерпретација, Музички инструменти.
Делата треба да се испраќаат исклучиво во дигитална форма на следната емејл адреса: produkcija@esra.com.mk, со назнака: „За награден конкурс 9 Мај – Денот на Европа“.
Конкурсот трае заклучно со 25 април 2020 година.
Творбите доставени по истекот на рокот наведен во Конкурсот, нема да се разгледуваат.
Свеченото доделување на наградите ќе се изврши на Денот на Европа – 9 мај 2020 година, а добитниците на наградите ќе бидат објавени на веб страната на универзитетот www.europaprima.com.