• Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
    • Алумни
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт
КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:
(02) 3115-116
rade.korcagin@gmail.com
Ул. “Трета македонска ударна бригада” број 9, Скопје 1000
СУГС Раде Јовчевски - Корчагин
  • Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
    • Алумни
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт

lit_klub

Како интернетот го промени нашиот живот

  • Date June 13, 2021

Живееме во ерата на интернетот и технологијата. Тие станаа важен дел од нашите животи и животот не би можел да се замисли без овие алатки. Ние сме постојано поврзани на интернетот и имаме пристап кон секакви информации кои што може да ги споделуваме со сите корисници на интернетот низ целиот свет. Дали е тоа порака, слика, видео или email, содржините кои што може да ги споделуваме се бескрајни и нивната едноставна употреба е причината поради која интернетот е толку важен дел од нашите секојдневни животи. Оваа поврзаност која што ја имаме 24/7 со други корисници низ целиот свет е побрза од кога било и интернетот е сега во својата најразвиена форма.

Од времето на неговото создавање, сѐ до денес, интернетот помина долги фази од својот развој. За време на неговото патување кон совршенство, интернетот, како и самата технологија успеа да развие интерактивно и пријатно корисничко искуство. Покрај неговата едноставност при употреба и управување, интернетот е преполнет со милион информации и податоци од секаква област. Развојот на овој начин на добивање на информации и стекнување на нови знаења претставува огромен контраст од минатото, кога физичките извори биле најдоверлив начин за развивање на нашето знаење. Но, како и многу работи, интернетот не е совршен и има свои недостатоци и негативни ефекти. Многу е лесно да станеме зависници од интернетот. Секакви мали нешта кои што ги гледаме на интернетот го зголемуваат производството на допамин кај нас. Особено ако сме под некаков стрес од секојдневниот живот или можеби се соочуваме со некакви семејни проблеми, се вртиме кон интернетот да се усреќиме, барем за кратко време. Интернетот не е нешто што е безбедно од секакви вулгарни или одвратни содржини. Во секој момент треба да бидеме внимателни на кои веб страници отвараме бидејќи нема граници со нештата кои што може да се постават на него.

Поради интернетот, нашите животи станаа многу поедноставни во споредба со времињата кога бевме без него. Секаква форма на социјална интеракција е сега овозможена на многу полесен и достапен начин, со што можеме во секој миг да останеме во контакт со нашите пријатели и сакани. Ова поврзување што го имаме со нашите најблиски и со сите луѓе низ целиот свет, го зближи народот на планетата Земја како никогаш досега. Но, иако е несомнено влијанието на интернетот и начинот на кој ни ги олесни животите, не смееме да заборавиме дека траба да го користиме одговорно и умерено, инаку можеме да станеме зависници од него и да дојде ден кога тоа ќе стане наша основна потреба.

 

Филип Стефановски II-2

  • Share:
author avatar
1nf3rn0

Previous post

Анализа на делото „Канцониер“ од Франческо Петрарка
June 13, 2021

Next post

K1 Еразмус
October 12, 2021

You may also like

old book open on dark wood background
Анализа на делото „Канцониер“ од Франческо Петрарка
13 June, 2021
old book open on dark wood background
„МОЈОТ МАЖ“ ОД РУМЕНА БУЖАРОВСКА – КРИТИЧКИ ОСВРТ
13 June, 2021
old book open on dark wood background
ЧОВЕК
13 June, 2021

Leave A Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

© Powered by Fenix Design. 2022

Back to top