ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ,
СО НОВОНАСТАНАТАТА СИТУАЦИЈА СО КОВИД-19, РЕЗЕРВИТЕ НА КРВ И КРВНИ ПРОДУКТИ СЕ НАМАЛУВААТ, А КАКО ШТО ЗНАЕМЕ, КРВТА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ЛЕК КОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОИЗВЕДЕ ВЕШТАЧКИ. ЗАТОА ВИ СЕ ОБРАЌАМЕ СО МОЛБА, ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ (И ИМАТЕ НАД 18 ГОДИНИ), ДА ДОЈДЕТЕ И ДАРУВАТЕ ОД ВАШАТА ДРАГОЦЕНА ТЕЧНОСТ. ДАРУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ВО ДОМОТ НА ХУМАНИТАРНИ ОРГАНИЗАЦИИ “ДАРЕ ЏАМБАЗ”, ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДАРУВАЊЕ НА КРВ, КОЈ РАБОТИ ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК ОД 09,00 ДО 16,30 ЧАСОТ И САБОТА ОД 09,00 ДО 15,00 ЧАСОТ. ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР СЕ СОЗДАДЕНИ УСЛОВИ ЗА НЕПРЕЧЕНО И БЕЗБЕДНО ДАРУВАЊЕ НА КРВ. ПО МОЖНОСТ ДАРУВАЊЕТО ДА ГО НАПРАВИТЕ ОД 11.05 ДО 16.05.2020 ГОДИНА.
СО БЛАГОДАРНОСТ,
ЦРВЕН КРСТ НА РСМ – ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЦЕНТАР