Злосторство и казна
- Date March 24, 2020
ПРВ ДЕЛ – Раѓање на идејата за злостор Бившиот студент на правен факултет, Раскољников, живее бедно во мало сопче кај газдарица која упорно одбегнува да ја сретне, симнувајќи се по скалите и поминувајќи покрај нејзината соба. Дали поради јунската горештина или поради психичката состојба, наликува на хипохондрик. Се чувствува нервоза и напнатост во воздухот околу него. Повлечен, сам со своите лоши мисли не се дружи со никого. Си префрла како може да се плаши од викањето на газдарицата(поради неплатена кирија), а се подготвува за ,,таков” чекор. Шетајќи, сосем случајно еден пијанец ќе му дофрли за огромната „цимерманска“ шапка која го прави впечатлив. Една таква мала работа ќе го тргне, исплаши и ќе си помисли дека не смее да биде толку забележителен, ако сака да го изврши тоа, а да не биде откриен. Такви ситници секогаш упропастуваат сѐ.Постојано е опседнат со мислите како да го изврши тоа, а никој да не го открие, особено не станарите на зградата во која на 5-ти кат живее бабата. Таа е шеесетгодишна старица која живее од заложбина на стари вредносни предмети и лихварство. Скржава, лакома и дрска, ситна, слаба со продорни мали очи, ретка бела коса секогаш намачкана со масло. Неповерлива и полна со сомнеж кога ја отвора вратата, секогаш готова да даде помалку отколку што треба. Раскољников ќе го заложи стариот часовник на татко му, и ќе се потсети дека од претходната закупнина веќе е поминат рокот. Раскољников ќе ја моли да се воздржи, а длабоко во себе се гади од неа. Ја студира собата, прозорецот, вратата и старицата Аљона Ивановна. Ѝ кажува како следниот пат планира да донесе сребрена табакера(планот веќе почнува да се реализира) и ја прашува за сестра ѝ (внимавајќи да е ненаметлив), но не добива одговор. Си заминува уште пораздразнет, незнаејќи каде да оди. Патот ќе го одведе до една кафеана каде ќе има интересна средба со Мармеладов, човек без волја за живот, измачен од судбината и од алкохолот. Ќе му ја раскаже целата животна сторија, како живее во втор брак со жена која не го заслужува. Таа е Катерина Ивановна, вдовица од угледно семејство која во очај ќе се омажи за Мармеладов. Некогаш згодна, одржувана и образована жена набргу ќе пропадне и физички( здравствено, ќе заболи од туберколоза) и психички (изморена од тешкиот живот често се кара со мажот). Тој сите пари ги испива и не се грижи ниту за нејзините деца, ниту за сопствената ќерка Соња. Мармеладов во очај ќе признае дека е среќен кога таа му вика и го кубе за коса, зашто само тогаш знае дека е жив. Чувствува вина, но не презема ништо за своето семејство. Соња ќе стане проститутка за да го издржува семејството кое знаејќи го тоа сепак молчи. Во една караница со Катерина ќе ѝ биде префрлено дека ништо не работи и дека со чесен труд не може ништо да се заработи- истата вечер таа се враќа со куп пари, легнува и заспива во грозница, додека Катерина со солзи ја гушка. Мармеладов раскажува како поради Соња, Катерина била тепана, а тој не бил способен да ѝ помогне. Сепак, тој е паразит кој свесно си го упропастува семејството со својата незаситна жед за алкохол (дури и од Соња ќе бара пари). Мармеладов ќе го замоли Раскољников да го испрати до дома, а по пат му раскажува дека не се плаши од кубењето за коса, туку од изгледот на жена му болна од туберколоза, исфрлана со црвени дамки и со отежнато дишење. Раскољников ќе го види семејството, жена му слаба но сѐ уште со вита става, со убава коса, но со видни белези од болеста; децата полуголи и раздвижени низ неуредната соба. Во афект жена му ќе го избрка и него мислејќи дека и тој пиел со мажот ѝ. Раскољников ќе се сожали и ќе им ги остави последните ситни пари пред да замине. Но по патот веќе ќе се покае зошто ги дал парите кои и самиот ги нема, а тие ја имаат Соња на која и требаат помади(креми), зашто нејзината „чистотија“ чини пари. Се згрозува од мислата за Соња, во чиј неморал семејството гледа извор на пари, навикнувајќи се така да живеат . Се враќа на своите мисли да ја убие бабата и смета дека подлоста (суровоста) е само предрасуда, измислен страв и не смее да има пречки во големиот план. Изутрината тешко и доцна го буди сосетката Наталија, која секогаш љубезно го нуди со чај. Му вели дека ќе биде викнат во полиција поради неплатена кирија, но тој рамнодушно ја гледа. Рамнодушноста преоѓа во возбуда кога ќе му даде писмо после што тој ѝ дава пари и ја моли да си замине. Опширното писмо на мајка му го чита во еден здив. Му пишува за долгиот период полн со неволји кога не била во состојба да му пишува ни таа, а ни сестра му Дуња. Сестра му работи како помошничка во куќата на Свидригајлови, но , господинот „под влијание на богот Бахус“ ќе ѝ се наметнува. Таа го одбива од респект кон жена му Марфа Петровна, која случајно ќе ги слушне кога разговараат во дворот, но грешно ќе ги разбере работите. Ќе ја избрка Дуња сметајќи ја за виновна и ќе ја посрамоти низ целиот град зборувајќи лошо за неа. Сите ќе ја озборуваат и бегаат од неа, поради што господинот ќе се сожали, ќе го даде писмото од Дуња во рацете на жена му, во кое таа го моли да не си ја потценува сопругата и дека не сака да си го извалка местото во нивната куќа. Со тоа писмо, Дуња ја покажува својата невиност, а Марфа поради грижа на совеста ќе им го покажува писмото низ цел град на сите за да го обели оцрнетиот (не по своја вина) образ на Дуња. Сега сестра му ќе може да ја омажат за нивен богат роднина, кој би нашол вработување и за Раскољников. Идниот зет е чиновник и би сакал да му помогне на братот на својата жена да си го продолжи школувањето прекинато поради финансиска немоќ. Со топли зборови го уверуваат во својата љубов и грижа, но тој со насолзени очи ќе почувствува гнев што сестра му со цврст карактер сепак се продава и се жртвува за среќа на семејството т.е. за братот. Воопшто не му се допаѓа содржината на писмото, па дури и ја споредува сестра си со Соња и смета дека таквиот брак нема иднина . Ќе чувствува гнев и омраза кон зетот кој не го ни запознал, а би го убил при првата средба. Како фурија излегува од дома незнаејќи ни самиот каде. Одеднаш вниманието ќе му биде привлечено од девојка, испарталавена, полупијана како со несигурен чекор седнува токму на неговата клупа, несвесно гледајќи во празно. Раскољников смета дека е премлада за такво нешто, но… Еден господин кој упорно ја следи очигледно со одредена цел, предизвикува револт кај Раскољников кој ќе сака да ја отргне од него. Се вмешува џандар, но кога ќе го види неугледно облечениот студент му се обраќа на „угледниот“ господин. По кусо време и објаснување џандарот ќе „разбере“ и ќе си замине незаинтересиран. Со сожалување ја гледа девојката и сака да ја испрати до дома штитејќи ја од натрапникот, сметајќи дека некој ја излажал и натерал да биде таква. Ќе ѝ остави неколку копејќи и отпосле ќе се покае зашто и самиот е без пари. Продолжува да шета без цел присетувајќи се дека нема ниеден пријател освен Разумихин, сиромашен но образуван млад човек кого сите го почитувале, но никој не го сакал искрено. Со него ќе се зближи, но кога ќе го сретне на улица ќе се направи дека не го гледа. Разумихин свесен дека намерно е игнориран нема да му се јави и ќе го остави на мира. Сѐ почесто размислува за планот околу убиството на бабата, што всушност и не е никаков план, туку желба да убие баба. Сонува и бидејќи верува дека ништо не е случајно, секогаш ги толкува сноништата и верува во нив. Оние болни мрачни сништа секогаш се паметат и оставаат впечаток. Сонува како е мало дете, а татко му го води за рака. Требаат да влезат во кочија, која ја влече мало коњче. Стопанот на коњот е лут зошто коњот не може да го повлече товарот и бесно го камшикува. Раскољников плаче и го гушка окрвавениот мртов коњ. Се буди испотен и прави спордба со окрвавената глава на бабата која сака да ја расцепи со секира. Често се прашува и се сомнева дали е способен да направи такво злосторство. Чувствува тегобност, немир и конфузен е. Еден ден сосем случајно (иако верува во судбина) поминува покрај трговците кои ќе водат разговор со Лизавета Ивановна, полусестра на Аљона. Висока, несмасна 35 годишна девојка која робува на постарата полусестра, често тепана и навредувана. Лизавета покорно слуша, се плаши и живее под туѓа команда. Раскољников неочекувано ќе слушне поминувајќи крај неа, дека утре во 19 часот бабата ќе биде сама. Бидејќи е човек кој во случајни работи гледа необичности и судбоносни моменти, суеверно ќе заклучи дека тоа е судбински знак. Се присетува кој прв го упатил кај бабата, неговиот познаник, студентот Прокорјев. Тој ќе му ја даде адресата на старицата, ако некогаш има потреба од пари ( да даде нешто под залог). И самиот му укажува за карактерот на Аљона, нејзината скржавост и лихварство, малтретирањата на сестра си на која во тестаментот не ѝ оставила ништо, туку на манастирот. Сестра ѝ Лизавета имала тешка судбина и несреќен живот, растела со убави допадливи очи и во недостиг на родителска љубов, често останувала трудна без да се осмели да роди. Плашејќи се од Аљона , сѐ што заработувала ѝ давала. И Прокорјев смета дека такво зло суштество не треба да живее, а од нејзините пари млади луѓе би можеле убаво да живеат, и кога би можел би ја убил – пресудни зборови за Раскољников, врежани во неговата потсвест. За еден живот илјада други спасени од пропаѓање и каква корист од стара и зла баба? На овие зборови Раскољников живо се сеќава и токму сега во недоумицата- повторно коинциденција на случајности. Решава и го подготвува „залогот“ (дрвена плочка обвиткана неколку пати во хартија за да добие во време додека бабата ја одвиткува; да ја украде секирата од кујна и да ја врати на место за еден час; да сошие петелка на внатрешната страна од капутот каде ќе ја закачи, за да не биде забележан со секира). Размислува како злосторникот во моментот кога треба да го изврши злосторот губи волја за тоа, станува лекомислен и размислува на детски начин кога најмногу треба да е остроумен и претпазлив. Верува дека помрачувањето на свеста е човекова болест која кулминира при самиот злосторнички чин, а потоа поминува како и секоја болест. Се прашува дали болеста го раѓа злосторството или злосторството е проследено со болест?
Втор дел од романот ,,ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА – планирање на убиство и непланирано двократно убиство …Веќе е 19:10ч , секирата не ја наоѓа на место и се вознемирува. Повторно игра на случајност- секирата ја наоѓа под клупата и тргнува. Дицни и во 19:30ч се наоѓа пред самата врата каде се прашува дали е способен за такво нешто, да не е премногу блед, исплашен. Се обидува да се смири, но срцето е непокорно. Нетрпеливо очекува да се отвори вратата, минутите му се часови. Конечно… Отпрвин бабата не го препознава, но набргу го пушта внатре. Сѐ се одвива според планот и додека ја одмотува лажната „сребрена табакера“ и се лути зошто толку ја завиткал, добива силен удар со секирата по темето. Со слаб извик паѓа на подот, а Раскољников добивајќи одеднаш сила ќе ја удри уште неколку пати. Присебен е, но рацете му треперат додека го зема клучот и оди во другата соба каде се парите и вредните работи. Собира сѐ па дури и паричникот околу вратот. Крвта му се лепи за рацете, чизмите и во момент на луцидност зема црвена марама за да ги избрише трагите кои на „црвена боја не би се гледале многу“. Поради непромисленоста и конфузноста Раскољников при влегувањето во станот ќе заборави да ја заклучи вратата и прави уште еден непредвидлив злостор, ја убива кутрата Лизавета, која од наивност и простотилак нема ни лицето да си го заштити при налет на секирата. Изненадното убиство го растревожува, а уште повеќе отворената врата. Слуша гласови и се заклучува со резето, а непознатиот глас е токму пред вратата. Доаѓа уште еден маж и коментираат како е чудно никој да не ја отвора вратата заклучена со резе- значи некој е внатре. Помладиот( според бојата на гласот) е поостроумен и му наредува на Кох да остане пред врата додека не викне помош. Кох нема да послуша и Раскољников успева да избега. Исцрпен, стасува дома, измиената секира ја враќа на место, работите и петелката во џеб и заспива. Се буди во грозница, страв и гадење. Се облекува барајќи траги од крв, мисли дека не е при чиста свест и не може добро да види. Ги кине петелката, окрвавениот џеб, чорапот и сака да ги запали, но нема ќибрит. Во моментот кога ги држи во раце, упаѓа Наталија соопштувајќи му дека го бара полиција. Исплашен е не знае зошто би го викале (зарем толку бргу?). Тргнува и поминувајќи покрај кујната го врти погледот. Чувствува немир, но му олеснува кога дознава дека е повикан поради неплатена кирија. Добива тужба и слуша за убиството и сѐ уште нефатениот убиец. Додека до него седи наконтена дама, Германка, повикана на сослушување поради правење гужви и нереди(пијанки) дома, Раскољников отсутно размислува дали да признае и да му олесни? Веќе го гледаат со сожалување како болен човек кој се поти, тресе и гледа безлично (така и се чувствува). Повторно го обзема страв од претрес и ќе си префрла како можел сѐ да остави во дупка од одлепена тапета на ѕидот. Решава да се ослободи од она поради кое го извршил злосторството. Но каде и како? Почнува да му пречи сѐ околу него, да ги мрази сите. Оди кај Разумихин без цел или најава и после 5 минути одеднаш станува и си оди, поради што остава впечаток кај пријателот дека е мрднат. Ќе помисли да ги фрли работите во река, но што ако испливаат на површина паричникот и кутиите со златен накит. Решава да ги закопа во дворот на една напуштена куќа. Разумихин ќе му понуди работа, да преведуваат текстови за што добива 3 рубљи, но набргу му ги враќа. Ќе го разлути пријателот кој дефинитивно ќе поверува дека Раскољников поулавел. Одејќи сосема расеан за малку да го прегази кочијаш кој луто ќе го удри со камшикот откако три пати му вика да се тргне од патот. Луѓето од страна ќе мислат или дека е пијаница или самоубиец и една жена сожаливо ќе му пикне враце пари. Ја заборава болката од камшикот и се обидува да мисли друго, на работи кои му се случувале пред злосторството. Механички ја отвора стегнатата рака и ги фрла парите во Нева. Оди дома со чувство дека со ножици е пресечена неговата врска со светот и изморен, со треска заспива вкошмарен сон. Сонува како Иља Петрович безмилосно ја тепа газдарицата барајќи од неа признание. Се буди и несвесно ја прашува Настасија зошто ја тепал (мисли дека сонот е јаве). Настасија сфаќа дека крвта му врие и дека од глад и болест му се привидува. Откако ќе се напие голтка вода паѓа во несвест, а иако ќе лежи само еден ден, ќе му се чинат месеци. Доаѓа да го посети Вразумихин(а не Разумихин како што го викаат) на кого му вели дека четврти ден како не јаде! Д-р Зосимов(27 годишен дебел русокос човек со очила и златен прстен кој иако бил тежок човек, сепак си ја знаел работата), му дал дијагноза дека е нешто со нервите. Ќе добие 35 рубљи од мајка му(преку други луѓе) но воопшто не се радува, напротив вели дека не му требаат пари (а сепак ги зема). Со интуиција и итрина на ѕвер смета дека е подобро да глуми болен за да ги прикрие работите (јаде полека без апетит, не зборува со никого и сите ги мрази). Особено му пречи Разумихин, кој го слушал како блада додека спие, за некакви обетки, ланци, чорапи, реси од панталони, а никако не можел да си ги поврзе тие работи со нешто важно. Едно време Раскољников помислува како сите знаат, но се преправаат за да го измачуваат. Како спасоносна идеја смета дека треба да избега, што побргу и подалеку. Со конфузни мисли и исцрпеност, заспива. Разумихин оди да му купи нова гардероба мислејќи дека ќе го орасположи, но уште повеќе го разгневува. Ќе почне да вика дека е здрав и ќе ги брка сите да си одат. Другарите Замјотов и Разумихин ќе поведат разговор околу убиството кое веќе им се припишува на некои молери (кај едниот е најдена кутија со златни обетки). Истата вечер молерот сакал да се обеси зошто го обвиниле. Раскољников се прави дека не слуша гледајќи тапо во шарите на тапетот додека му се вкочануваат нозете и рацете. Се вртат накај него потенцирајќи му дека таа(жртвата) е старицата која примала залози, а другата е сестра ѝ која му ги крпела кошулите и дека убиствата се случиле токму дента кога му се слошило, кога паднал во несвест. Дискутираат за можноста дека биле Кох и Пјетраков, кои истиот ден биле пред вратата(или несвесно дозволиле убиецот да си замине). Молерот Николај се правдал дека златниот накит го нашол на улица но го навлекол сомнежот врз себе кога сакал да се обеси- зошто ако е невин? Па сепак останувало прашањето зарам може после такво убиство, ладнокрвно да пијат во кафеана цела ноќ. Заклучуваат дека случајот е многу сплеткан и дека сѐ се случило како во театар. Ненадејно( и ненајавено) ќе му дојде во посета свршеникот на сестра му Петар Петрович Лужин, кон кого веќе чивствувал омраза. Угледен, отмен со висок стил во изразувањето (што посебно го нервирало Раскољников) само ќе предизвика бес кај Раскољников кој го навредува. Изнервиран и лут, буквално избркан си заминува не сакајќи повеќе да го види. Разумихин сака да го оправда и да се извини поради неговата болест и психичко растројство, но не успева. „Наскоро ќе се дознаат имињата на заложувачите“ од хартиите со кои биле обвиткувани предметите и дека убиецот бил аматер со голема среќа „зошто не знаел да ограби туку само да убие“. „Криминалот во Русија е во пораст и кај пониските и кај повисоките слоеви“- ова ќе бидат новите информации за Раскољников од устата на неговите пријатели кои ќе ги нарече мачители и ќе ги тера да си заминат. Си одат со примедба дека Раскољников особено се разлутувал при споменувањето на зборот убиство. Се смирува и ја облекува новата облека. Скришно, да не го види Наталија искача на улица. Ќе оди како изгубен со желба да заврши со тоа зашто не може веќе да живее Ги бара трговецот и жена му со кои Лизавета разговарала дента пред убиството. Влегува во гостилницата, не наоѓајќи ги излегува и пак се упатува некаде… Го среќаваат по пат жени „чудно облечени“ и му се додворуваат. На едната од нив ѝ возвраќа со комплимент, со што ја охрабрува да му побара пари. Зафаќа од џебот колку што може и ѝ дава. Продолжува да оди и размислува за случајот (некаде го прочитал) за осуденикот на смрт кој еден час пред погубувањето посакал да го остават на врв од некоја висока карпа каде би имал место само за стопалата, околу би била провалија, само да остане жив – каква сурова вистина! Влегува во друга гостилница нарачува чај и весник од пред 5 дена, знаејќи што да бара во нив. Му приоѓа Замјотов на кого смело му одговара дека сака да прочита за убиството. Ќе му се пристори дека Замјотов се сомнева и го провоцира. Добива желба да му го исплази јазикот и да признае што чувствува. Почнува, со игра на зборови да го нервира Замјотов велејќи му како би му било тој да е убиец. Замјотов го нарекува лудак, а Раскољников видно побледен ќе ја одигра својата игра поставувајќи го прашањето на глас: „А што ако јас сум ги убил?“ Со таквата иронија скепсата на докторот е разбиена, а Раскољников со искривено лице како после театарска престава, се чувствува грозно. Враќајќи се дома по патот ќе биде очевидец на обид за самоубиство на една жена која во последен момент е спасена од џандар( од коментарите на луѓето дознава дека е алкохоличарка склона кон самоубиства). Сето тоа го гледа со рамнодушност. Одејќи ќе застане пред местото на својот злостор и ќе добие необјаснива желба да се качи во станот. Затекнува работници кои го реновираат станот и кои ќе помислат за него дека е иден купувач, но зошто дошол ноќе? Додека ѕвони на ѕвончето замислува како било после тоа? Заминува, а по пат наидува на незгода во која еден пијан човек е згазен од кочијаш чии повици и предупредувања биле залудни. Несреќниот е Мармеладов и Раскољников ќе му даде пари на џандарот за да го врати дома. Катерина уште поизнемоштена изгубено ќе му ја брише крвта од лицето, а децата избезумени, ќе плачат. Ќе пристигне доктор, но Мармеладов ќе бара поп. Полусвесен, ќе праша зошто ќеркичката му е боса. Доаѓа Соња, непристојно облечена, а татко ѝ ќе ја моли за прошка пред смртта. И умира на раце. Раскољников последните 30 рубљи и ги остава на Соња, а Катерина е благодарна зошто без нив не би можела да го погреба мажот си. Свежите траги од крвта на Мармеладов по елекот на Раскољников го потсетуваат… Се среќава со Разумихин кој му се доверува дека не верува во зборовите на докторот кој смета дека Раскољников е луд или блиску до лудило. Повторно ќе зборуваат за убиството, а Раскољников сакајќи да се оправда вели дека се онесвестил поради миризбата на мрсна боја. Разумихин го охрабрува велејќи дека добро „го повлекол за нос“ докторот, ставајќи се во улога на убиец.
Трет дел од романот Злосторство и казна – Себеказнување …Замјотов го нарекува лудак, а Раскољников видно побледен ќе ја одигра својата игра поставувајќи го прашањето на глас: „А што ако јас сум ги убил?“ Со таквата иронија скепсата на докторот е разбиена, а Раскољников со искривено лице како после театарска престава, се чувствува грозно. Враќајќи се дома по патот ќе биде очевидец на обид за самоубиство на една жена која во последен момент е спасена од џандар( од коментарите на луѓето дознава дека е алкохоличарка склона кон самоубиства). Сето тоа го гледа со рамнодушност. Одејќи ќе застане пред местото на својот злостор и ќе добие необјаснива желба да се качи во станот. Затекнува работници кои го реновираат станот и кои ќе помислат за него дека е иден купувач, но зошто дошол ноќе? Додека ѕвони на ѕвончето замислува како било после тоа? Заминува, а по пат наидува на незгода во која еден пијан човек е згазен од кочијаш чии повици и предупредувања биле залудни. Несреќниот е Мармеладов и Раскољников ќе му даде пари на џандарот за да го врати дома. Катерина уште поизнемоштена изгубено ќе му ја брише крвта од лицето, а децата избезумени, ќе плачат. Ќе пристигне доктор, но Мармеладов ќе бара поп. Полусвесен, ќе праша зошто ќеркичката му е боса. Доаѓа Соња, непристојно облечена, а татко ѝ ќе ја моли за прошка пред смртта. И умира на раце. Раскољников последните 30 рубљи и ги остава на Соња, а Катерина е благодарна зошто без нив не би можела да го погреба мажот си. Свежите траги од крвта на Мармеладов по елекот на Раскољников го потсетуваат… Се среќава со Разумихин кој му се доверува дека не верува во зборовите на докторот кој смета дека Раскољников е луд или блиску до лудило. Повторно ќе зборуваат за убиството, а Раскољников сакајќи да се оправда вели дека се онесвестил поради миризбата на мрсна боја. Разумихин го охрабрува велејќи дека добро „го повлекол за нос“ докторот, ставајќи се во улога на убиец. Наближувајќи се дома забележува светло во собата. Мајка му и Дуња веќе час и половина го очекуваат. Се гушкаат, плачат, се радуваат, а тој паѓа на креветот, сосем исцрпен. Ги моли да си одат и со мака ги убедува. Разумихин ќе се восхити од Дуња, убава како брат ѝ. Им ветува дека ќе ги известува за здравјето на Раскољников и ја користи приликата да ѝ каже на Дуња дека не треба да се жртвува за среќата на братот, со што ја вознемирува. Муабетот тече, а Разумихин отворено ја споредува и наоѓа сличности меѓу неа и брат ѝ. Дуња ќе добие писмо од свршеникот во кое тој се жали за дрскоста на Раскољников и дека не сака повеќе контакти со него . Видно бесен на Раскољников, ќе напише во писмото како го видел дека нивните пари ги дал на жена со сомнителен морал. Но Раскољников ќе им објасни сѐ, за несреќниот случај со Мармеладов, после што Дуња ќе се протистави на желбата на својот свршеник. Се смирува со нив, ги моли да му простат. Среќни се, но чуден страв ги обзема. Му раскажуваат за случајот на Марфа Петровна која ненадејно умрела, а сите се сомневале дека е поради бруталноста на мажот. Разговараат за многу теми, како бил вљубен во сиромашна, болежлива девојка, па дури и грда. Мајка му го жали поради станот како „мртовечки сандак“ поради што станал таков меланхоник. Тој ќе ѝ се обрати на Дуња дека нема потреба да „се продава за пари“, на што таа го убедува дека лошо ја проценил ситуацијата и дека свршеникот ја почитува. На крај Дуња ќе се налути, велејќи дека и ако е така не е страшно зашто ако некого упропастува тоа е себеси и со тоа никого не заклала. На овие зборови Раскољников се онесвестува. Доаѓа Соња пристојно облечена (личи на исплашено девојче) да ги повика на погреб и сосем спонтано ќе објасни дека парите ги добила за погреб, а не за нешто друго, како што напишал свршеникот на Дуња во писмото. Дуња налутено го нарекува вереникот сплеткар и лицемер, а мајка мисли дека Раскољников има нешто со Соња. Излегуваат заедно, Соња оди дома, а Разумихин и Раскољников до Порфириј (кој го земал случајот во свои раце) за да му каже дека оставил кај бабата сребрен часовник од татко му и прстен кои не вредат многу, но му се спомен. Разумихин си ги „поврзува работите“ дека токму поради тоа Раскољников бладал и ги спомнувал тие работи. Раскољников свесен за вештината и искуството на инспекторот Порфириј чувствува вознемиреност сметајќи дека „пеперутката сама оди на свеќа која ѝ ги гори крилјата“. По пат спонтано се смеат и задеваат, што му оди во прилог за да изгледа рамнодушен и смирен. Ќе допрат до интересен, но за Раскољников напнат разговор, поради што тој ќе смета дека знаат за него и само се преправаат. Дознава за една своја статија во весник која ја пишувал како студент на тема „За злосторствата“. Го одбранува ставот дека актот на убиство е проследен со болест и дека има личности кои имаат право на таков чин; дека луѓето се делат на „обични“ и „необични“ , со таа разлика што вторите не го кршат законот како првите. Раскољников повикувајќи се на текстот ја прифаќа провокацијата и дава свое мислење дека разликата е во тоа што „необичните“ не мора да направат злосторство. Дава пример со Њутн и неговите истражувања за кои ако би требало да жртвува неколку луѓе за да го спаси светот, дали би му било простено? Или на Ликург, Соломон, Наполеон, кои биле злосторници на кои им се креваат споменици, а ако не биле такви не би излегле од секојдневните обични луѓе. Се прашува зошто луѓето се вознемируваат кога масата ги осудува злосторниците, не им дозволува да успеат за да ја исполнат својата конзервативна задача. Овие зборови го вознемируваат Разумихин, кој не го познава ваквиот Раскољников, и сака да ја прочита неговата статија за да се увери во неговите зборови. Порфириј го провоцира прашувајќи го дали себеси се смета за необичен, дали би направил пречекорување и би убил. Раскољников обидувајќи се да глуми рамнодушност му вели: „и да го направам тоа не би ти рекол“! Во секој случај задоволен е што Раскољников сам дошол кај него да „помогне“ во расветлувањето на убиството, зашто ионака би го викнал поради неговото име и датумот кога ги заложил работите кај бабата (3 дена пред убиството). Продолжува со провокации (или Раскољников мисли дека се провокации) и го прашува дали дента кога бил, видел молери (а тие биле токму на дента на убиството, не пред тоа) на што Раскољников одговара негативно. Се уверува во бистрината на Раскољников и сака во детали да го фати… Раскољников ќе биде посетен од еден непознат човек, занаетчија, кој одеднаш ќе го нарече убиец и ќе си отиде. Вознемирен го прашува за кого мисли дека е убиец, а овој се врти кон него велејќи му „ти си убиец“. Ќе легне и цел час ќе размислува како можел некој да го види, а тој да не забележи. Повторно размислува за бабата и констатира дека кога би можел повторно би ја убил! Жал му е за Лизавета на која не мисли, како да не ја убил! Заспива сонувајќи како го следи занаетчијата, влегува во соба каде под капутот се крие бабата, ја удира, а таа се смее. Се буди, а пред него е Свидригајлов со својата приказна дека сестра му не смее да се омажи за Петар Петрович. Неговата покојна жена ѝ оставила 3000 рубљи заради нанесената неправда(случката со писмото). Свидригајлов вели дека би дал 10 000 рубљи само да ја отргне од него и раскажува за својот брак во кој стапил зашто бил откупен за 30 000 сребреници од жена му, која била постара од него 5 години и која поради откупот ќе го уценува да не ја остави. Ја малтретирал физички, ја камшикувал, но сепак умрела од излив. Им се жали дека има визии, му се присторува постојано жена му. Во тој поглед е сличен со Раскољников, кој слушајќи го сето ова внимателно, ќе помисли дека е луд. Го моли да ѝ го каже предлогот на Дуња, дека токму поради тоа и дошол оставајќи си ги децата кај татка си. Раскољников им раскажува на Дуња, мајка си и му паѓа на ум што ќе помисли Разумихин кога ќе дознае за него? Вечерта се состануваат со Дуња и во тек на муабетите сепак ќе се уверат во лицемерието на Петар Петрович. Дуња го брка од дома, навреден и со омраза кон Раскољников си заминува. Неговиот сон е да има жена како Дуња, убава, вредна, чесна, паметна, но сиромашна, поради што би била зависна и благодарна кон „спасителот“. Дуња ќе сфати каков човек е Разумихин кој се плаши да ја искаже својата среќа за нивната упропастена веридба, но длабоко во себе знае дека ќе им го посвети животот на двете, зошто се отврлени од Раскољников. Раскољников ќе им ја раскаже средбата со Свидригајлов и ќе ја предупреди Дуња за неговите „добри намери“. Разумихин полн со љубов ќе им предложи да се обидат со преведување и печатење германски текстови, со што би заработиле за стан и живот. Сите се восхитени, освен Раскољников кој притиснат од маката ги напушта, молејќи ги да не го бараат зошто ќе им се врати кога ќе може… Сакаат објаснување, но освен неговите студени зборови дека „сака мир“ и дека „ако го сакаат нека се одрекнат од него“, не им објаснува ништо. Ги проколнува веќе никогаш да не го прашуваат ништо, а Разумихин го моли нив две никогаш да не ги остави. Сепак Разумихин ќе осети чуден страв, необјасниво лошо претчуство, поради што ќе пребледне како мртовец. Од таа вечер им станува и син и брат. Раскољников решително ќе се упати кај Соња и ќе ја најде во бедна соба. Спремен е да се прости од неа. Ќе разговараат долго, за нејзиниот живот, за маќеата која е благородна жена и не може да не ја сака и покрај тоа што почнува да полудува поради болеста. Ќе раскаже како еднаш си замериле зошто Соња не и ја дала белата крагна купена од Лизавета, сметајќи дека не и треба. Раскољников одеднаш ја прашува дали секој ден заработува (на што таа се вцрвенува) и ѝ вели дека тоа истото ќе се случи и со Пољуша. Соња огорчено ќе одрекува дека нема да дозволи мачните ситуации да ги поминува сестра ѝ. Раскољников клекнува, ги бакнува нозете велејќи дека се поклонува пред човековите страдања. Соња збунето му вели дека е голема грешница на што Раскољников додава дека се поклонува и ја почитува поради страдањата, а не гревовите. Смета дека е грешница што бадијала се продала и не може да сфати дека во една таква нискост постојат спротивни чувства. Смета дека е подобро да се рипне во вода и велејќи го тоа ќе сфати дека и Соња сигурно сто пати го помислувала истото. Помислува како ни една трошка од развратот и блудот не и допреле до сѐ уште чистата душа. Размислувајќи за неа вели дека постојат 3 решенија: да рипне во вода; да оди во лудница или да заплови во разврат кој го опива мозокот и менува срцето. На орманот ќе види книга „Евангелие“ и ќе ја натера да му го чита („Лазарево воскресение“). Додека ја слуша помислува како се слични и дека и двајцата ќе завршат во лудница. Отсечно ја прекинува и и ја кажува целта на својата посета, дека сите ги напуштил и дека само таа му е потребна. Неговите зборови за неа се чудни, неразбирливи, тешки мисли кои предизвикуваат страв. Особено кога ќе ѝ каже дека „следниот пат ќе дознае кој ја убил Лизавета“.
Крајот на романот ,,ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА” – Признавање и казна за злосторот …Утредента Раскољников оди во зградата на истражниот отсек кај Порфириј Петрович. Чекајќи го ќе почуствува како трепери пред тој (за него дрзок) човек. Разговараат мирно и тоа го нервира што не добива конкретни прашања и конкретен напад. Гневен и изнервиран сам му се обраќа прашувајќи го зошто дошол, а Порфириј иронично му објаснува дека го поканил како гостин, а не да го испрашува (смеејќи му се мистериозно). Целата ситуација за него е напната, „бомбардиран“ со бесмислени фрази, загадочни зборови, бесмислици. Пак ќе го пофали за статијата во весникот восхитувајќи се на неговата генијалност и креативни мисли. Еден момент ќе каже дека знае кој е убиецот, па сепак нема да го уапси пред време оти ќе си ја скрати можноста (задоволството) и понатаму да го испитува злосторникот. Ќе го измачува Разкољников велејќи му како го пуштал убиецот слободно да шета знаејќи дека е негова жртва и нема каде да избега (не во физичка, туку во психичка смисла), а дека постојано се врти околу него како пеперутка околу свеќа. Раскољников е блед, вкочанет, измачен и смета дека добил „добра лекција“ за неговите веќе ослабнати нерви. Овој 35 годишен полицаец ќе го доведе до ивица на нервен слом, поради неизвесноста со која го уништува, двосмисленоста и ироничноста. Ќе му се спротистави кажувајќи јасно како му е сеедно што мисли и дека може да го прогонува само ако има докази за тоа. Уште повеќе ќе му го разниша душевниот мир, велејќи му како е очигледен неговиот гнев од навредите и судбината која веќе му здодеала (сѐ со цел да признае). Итриот Порфириј ќе му каже на Раскољников дека го почитува и сака да му помогне да си го спаси семејството. Но Раскољников е уште понервозен и гневно му вели дека плука на неговото пријателство и сака да си оди. Порфириј веќе е убеден дека го држи убиецот во мрежа, вели дека има едно изненадување за него позади вратата. Доаѓа до неочекуван расплет. Одеднаш влегува Николај(молерот) и гласно ја признава вината, дека е тој убиецот на двете сестри. Порфириј е бесен, изненаден и немоќен. Раскољников си заминува, а Порфириј ќе трча по него на улицата. Повторно дијалог во кој сега Раскољников ја води ситуацијата велејќи му дека должноста му е комична. Како со психолошки метод успеале Николај да го убедат дека е убиец, на Раскољников не му е јасно, но јасно му е дека е во вистински час. Ќе почувствува речиси среќа и ќе оди кај Катерина Ивановна каде на Соња ѝ раскажува сѐ. Објаснува како сега немаат докази, само психолошко толкување кое има „два краја“, а ништо конкретно. Изненадувањето кое Порфириј го исценирал, да излезе човек кој ќе каже дека Раскољников бил во станот после убиството („убиецот секогаш се враќа на местото на злосторството“), сега веќе не е важно…
Петар Петрович осуетен, поради одбивањето на Дуња се надева дека ќе си најде почесна девојка ( сепак помислувајќи на неа го обзема надеж). Се среќава со Андреј Семјанович Левезкатњиков, кон кого чувствува омраза, зашто го обвинувал за смртта на жена му.Ќе поведат разговор за покојниот Мармеладов и за ќерка му Соња. Андреј смета дека во сегашното општество тоа не е нормално, зашто е принудно, но во идното општество ќе биде( не бил далеку од вистината). Ќе каже дека ја почитува бидејќи е олицетворение на енергичен протест против општественото уредување. Ќе ја повикаат да дојде, а Петар Петрович ќе почне да си го реализира својот злобен план. Во присуство на Андреј ѝ дава 10 рубљи како помош и предлог да се собираат пари како добротворна цел за нејзиното семејство. Соња е збунета, но и среќна поради благородниот гест. Но подоцна П.П. ќе дојде во нивниот дом и пред сите ќе ја обвини Соња дека му украла 100 рубљи. Поради нејзиниот морален статус, сите ќе му поверуваат на П.П. , но Андреј ја спасува зашто случајно е сведок на гнасното дело на П.П. чија цел е да го обвини Раскољников со каква жена е сплеткан и да се искупи во очите на Дуња. Но подметнатите 100 рубљи во џебот на Соња Андреј ќе ги види, мислејќи дека П.П. намерно ги остава скришно, но ќе го следи за среќа и ќе дојде во вистинскиот момент. Катерина видно вознемирена цело време ја брани Соња (па дури и кога ги наоѓаат рубљите), дека е неспособна за такво нешто. На парастосот ќе дојдат и бедни луѓе, желни да се најадат и напијат (што ја разочарува Катерина). И покрај лошите спомени од мажот кој бил алкохоличар, сепак се сеќава дека ги сакал децата, а неа ја почитувал. Раскољников целата случка со стоте рубљи ја прати со одвратност и дообјаснува која била целта на П.П. , да го извалка и неговото име. Се упатува кон станот на Соња подготвен да признае. Се обидува преку прашања да ја натера да сфати. Но Соња вели дека не може да зборува за нешто што не може да биде и дека не е судија да решава за туѓ живот. Раскољников во тој момент „ја мрази“ Соња и брзо, сметајќи дека не смее да губи време, почнува нејасно да зборува оставајќи ја Соња сама да погоди. Таа вреснува од болка и му паѓа пред нозе. Го сожалува, а тој пушта солзи. Ја моли да не го остава сам, а таа му ветува дека заедно ќе одат во затвор. Го тера да си ја признае вината за да се искупи пред Господ. Не верува дека некој кој го дава последното што го има на друг, убива за да ограби. Тој кажува како не земал ни рубља од тие пари и дека сега би бил среќен да убил од глад. Од една страна му олеснува признанието, но од друга смета дека е нечесно што страдањата ги префрлил на Соња. Мисли дека убивањето е по углед на авторитет, желба на генијалец (сакал да стане како Наполеон) и си наоѓа оправдување за својата постапка мислејќи дека не е страшна смртта на една вошка(баба) кога со тоа може да се спасат луѓе кои повеќе вредат од неа. Кажува за своите кошмари, агонии, страдања, тесниот стан, немаштијата и сѐ што го натерало на тоа. Се „осмелува“ мислејќи дека во животот можеш сѐ ако смееш(„власт добива тој што ја зема“) и дека убил само за да види дека смее, дека му се може! Соња не може да го слуша ниту да го разбере но искрено го сожалува, не го мрази туку се зближува со него. Го тера да си го земе „крстот на страдањето“, да се покае и предаде на оние кои се поништожни и од него. Упаѓа Лебезјатников и почнува разговор за лудилото на П.П за грешките во расудувањето и неправилен поглед кон нештата. Раскољников си заминува со дупка во душата затоа што ја унесреќил и Соња. Ја наоѓа Дуња која го чека да му каже дека и е јасно неговото однесување и дека страда зашто е неправедно наклеветен. Раскољников кажува дека Разумихин е добар човек. Еден момент сака да ја гушне и да признае. Соња ќе ја затекне Катерина споулавена како ги учи децата да пеат и питачат. Во агонија и изнемоштеност сакајќи да ги стаса децата кои бегаат, се онесвестува и умира. Л. ќе сака да ги плати трошоците околу погребот, децата да ги даде во дом, а на Соња пари за да не го прави тоа! На Раскољников му вели да ѝ каже на Дуња (тој вистински ја сака) дека тоа се парите што ги чувал за неа и дека покојната не е вошка како некоја баба-среброљупка (му намигнува на Раскољников и заминува). Раскољников побледува слушајќи ги неговите зборови како од сопствена уста. После погребот доаѓа Порфириј со вербална предигра на циник, му се извинува за неговиот сомнеж, но дека знае кој е убиецот посочувајќи го Раскољников кој го облеваат капки пот(но не признава). Го советува да признае како поматување на умот за да добие помала казна и дека „во страдањето има идеја“. Раскољников си мисли дали Свидригалов му кажал откако го слушнал неговото признание пред Соња. Но тој тајната ќе ја однесе за Америка со својата 16 годишна вереница и ќе се самоубие.
Раскољников оди кај мајка му да и каже дека ја сака, но ќе мора да си замине. Таа не го прашува ништо за да не се соочи со вистината, останувајќи да мисли за синот дека е генијалец кој убаво пишува исто како татко му. Ја среќава Дуња која го советува да се пријави, а тој се чуди како сестра му сѐ уште го сака. Ќе отиде кај Иља Петровиќ и ќе признае.
Епилог
Сибир, тврдина со затвор. Затвореник од втора категорија, осуден на 8 години, затоа што не ги земал парите, бил благороден, помагал на сиромашните и извршил убиство заради убиство, без цел и корист. Осуден како хипохондрик со поматен ум. Мајка му ќе умре без да дознае, Дуња и Разумихин се земаат, а Соња верно го посетува во затвор. Конечно ќе ѝ ги каже своите чувства , дека ја сака! Неговиот живот добива нова димензија и надеж, како и на Разумихин кој ќе студира поради Дуња. Седум години поминуваат како 7 дена, за да се започне нов живот со библијата во себе, единствената книга која му била дозволена и на Достевски да ја чита додека лежел затвор…
Previous post
"Успехот е она што ни ја враќа самодовербата и нè прави среќни и задоволни"
You may also like

“Крпен Живот” – Стале Попов

“Кандид” – Волтер
