• Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт
КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:
(02) 3115-116
rade.korcagin@gmail.com
Ул. “Трета македонска ударна бригада” број 9, Скопје 1000
СУГС Раде Јовчевски - Корчагин
  • Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт

lit_klub

ЕДНО МОЖНО ТОЛКУВАЊЕ НА „ПЕКОЛОТ“ ОД „БОЖЕСТВЕНА КОМЕДИЈА“ НА ДАНТЕ АЛИГИЕРИ

  • Date June 13, 2021

Портретирањето на човековата пирамида на глупавост го врти гледиштето на светот кон темните агли на човековата психа и на нив им се припишуваат сите оние постапки чии последици ја транспортирале историјата кон поинаков правец. Домино – ефектот на мрачното средновековие кој успеал во потрупување на образованието на луѓето и издигнување на лукавото благородништво само го засилил поривот на закрепостеното население да заземе свој колективен став и од еден уметнички и философски аспект биле изнесени оние критики кои го распнале општеството. Наративната поетска беседа на Данте ја прикажува неговата визија за вистинските христијански вредности кои се занемарени од лицемерието на европската политичка анархија закована во синџирите на догматската црква. Епохалниот литературен подвиг на Алигиери за претставување на етичката констелација на поединците и за креирање на (не)моралниот витраж на тогашната заедница е предвесник на ветерот на промената што ќе го дува ренесансата и што ќе го погреба апсолутизмот на големопоседниците. Доколку би навлегле во деталите, Данте целото ова алегорично патешествие сака да го претстави како олицетворение на татковината Италија, поточно родната Фиренца и тоа е изразено и преку воведната песна каде шумата, поточно предворјето на Пеколот е протолкувано како самата Фиренца „обиколена“ од ѕверствата на пантерот, лавот и волчицата чии метафорички фигури се поставени како персонификација на оние ентитети кои ја треселе општествената и политичката положба на државата. Црниот сарказм на Данте, плука право во лицето на таа политичка состојба во Италија; конфликтот меѓу гибелините и гвелфите, нестабилната ситуација во Фиренца, мешањето на Франција во внатрешноста на Италија, корупциите поврзани со папските власти и нивните стремежи за обогатување.

Перото на Данте обликува една порта до светот на гревовите и ја најавува темната и луцидна атмосфера со првичните стихови: „На средина од мојот живот земен
го изгубив јас така својот пат:
се најдов в шума сам, сред густеж темен“ (Д. Алигиери 1320:9). Изворот на безнадежност е карактеристичен за пеколните упоришта и сведок за тоа е предупредувачкиот натпис пред првиот круг на Пеколот: „Но, ти, што ќе го стапнеш овој праг – Засекогаш откажи се од надеж!“ (Д. Алигиери 1320:17). Сцените од пределите во Пеколот се идентични на морничави пејзажи и дефиниции за ужас исцртани преку стиховите кои даваат опис на земји со грешници што се капат во вечен дожд, калливи и мочурливи области, јами исполнети со змии, замрзнати длабочини.

Хуманизмот кој ги преродил запоставените науки од пепелта и дошол како шлаканица на властодршците, ги оживеал и оние хеленско – римски вредности во кои се препознава благородниот дух на човештвото и повикот за творење. Елементите од стара Хелада и стар Рим се вметнати низ пеењата не само во Пеколот, туку и низ севкупната „Божествена комедија“ и античките ликови од историјата и од древната литература Данте ги користи како една форма преку која ќе ги прикаже гревовите кои го носат човекот кон една смртна бездна. Древните личности биле поблиски кон трагедиски премрежја и нивните карактери содржеле широка палета на гревови, како што е многубоштвото или неверување во Бога како што се фигурите на Хомер, Аристотел, Сократ и безброј други сретнати во првиот круг, па дури и Вергилиј кој му е водач на Данте низ круговите на Пеколот, додека пак душите на Клеопатра, Елена од Троја, Семирамида потсетуваат на прељубата и на страста што постојано успева да измами, а нивните приказни само ја изразуваат цената на љубовта. Во контекст на антиката, Данте го распослува и сегментот на митологијата и низ дузина кругови тој поставува митолошки јунаци и суштества кои би дале фантастичен и имагинарен зачин на маркантното дело и најчесто тие имаат премостувачка улога меѓу круговите, каква што имаат демонот Минос, троглавото куче Кербер, Медуза, Минотаурот, ѕверот Герион итн.

Данте бил длабоко инволвиран во политичките лавиринти на Фиренца и често овде во опусот на настани користи прилики за да упати книжевни атаци кон политичките опоненти. Еден од многуте на таа листа е Филип Арџенти, но не испушта ни можност да ја обелодени вистината за психолошките костури на папите, како на папата Целестин V кој поради својата неодлучност и неопределеност е казнет да талка вечно по бреговите на подземната река Ахерон, а за алчните папи и кардинали го има посветено и четвртиот круг и слоевитоста на нивната менталност којашто е разграничена на скржавост, злокоба, горделивост, среброљубие и е преточена во монструмот Плутон – богот на богатствата кој ги дочекува грешниците во кругот на скржавоста. Желбите и амбициите на грешниците што се базираат на материјализам се запазени со значителни компарации и идеологиите на мртвите души за ненаситност се прикажани така што грешниците туркаат вреќи со богатство непрекинато.

Теолошките тематики и есенцијата на спиритуалноста можеби за првпат е темелно воспоставена преку еден артистички модел, поразличен од монашките записи преземени од библиските текстови и Данте со својата слободна индивидуалност чекори во комплексноста на човековите дејствија и нивната складност или нескладност со христијанските норми. Иако и тој е една несовршена личност, тој преку оружјето на поезијата ја пренесува сопствената визија за „Божјата правда“ извршена врз човечкиот род и ја отелотворува гротескната казна низ цикличните простории на Пеколот. Можеби љубовните идеи не се застапени во рамките на првото поглавје на „Божествената Комедија“, но неговата платонска форма на романса упатена кон љубената Беатриче која го очекува во Рајот е таа мисла што го крши неговото колебање за тоа дали да ја прифати турнејата низ Пеколот. Со тоа и несвесно тој потврдува дека љубовта е оној господар кој ги контролира поединците преку куклените конци закачени на нивните раменици, така што често луѓето одлуките ги базираат врз база на привлечната моќ на љубовта.

Дантеовото дело не е засновано на неговите лични сфаќања за Бога, туку голем број елементи се преземени од „Светото Писмо“ и евидентно е дека многу од круговите се наменети за гревови кои се во спротивност на „Божјите Заповеди“; многубошците се проколнати да останат во првиот круг, прељубниците во вториот, судбината била уште посурова за кривоверците кои не го познавале Господ и ја одбивале неговата егзистенција, крадењето како еден од постулатите што ја означуваат црната страна на човековата личност е осудено од религиските ставови на поетот и во книгата извршителите на тие изопачени акти се третирани со напади од кентаурите кои стражарат околу седмиот круг. Данте оди до тој степен што дури на тапет ги става оние што поттикнале тежок раздор создавајќи противтежа на христијанството и нивните тела во Пеколот се расчеречени.

Сепак, покрај огромниот спектар на гревови низ грозоморните катови на тоа место на хорори, ништо не е споредливо со атмосферата заокружена во деветтиот круг која како финална дестинација со своите специфики е најоригинална и како нешто што е парадоксално за Пеколот, деветтиот круг е освоен од мраз кој го образува студенилото на човековата злоба. Централната појава овде е Кралот на Пеколот – Сатаната чија масивна фигура е обликувана со великански крилја и три лица чија симболичност е власт врз трите човечки раси: бела за Европејците, жолта за Азијатите и црна за Африканците. Данте го претставува адскиот цар како злобен, неук, исполнет со омраза, односно тотална дисјункција на Господ правејќи буквална асиметрија меѓу Пеколот и Рајот. Тој е извор на темнината и околу него ротираат убијците на својот род, предавниците на татковината, предавниците на пријателите и предавниците на своите господари кои според Данте како носители на најтешките гревови се глодани од страна на предавникот на Господ. Душите на Каин, Антенор, Птоломеј Брут и Исусовиот предавник Јуда Искариотски се вистински пример на предавството и се доказ дека со нивните манири можат да го променат образецот по кој чекори човештвото.

Патот до Рајот секогаш започнува со Пеколот. Поетските авантури на Данте Алигиери видени во неговите стихови се заглавени во мистичноста и буквалноста на овие моменти во делото кои можат да бидат интерпретирани преку алегоријата. Во алегоричните фрески кои ни ги црта Данте со неговите зборови, може да се пронајде повеќе од мудрост, повеќе од книжевна креативност и емоционалност и иако тој се концентрира на критиката кон општествените скалила, во тие детали може да се пронајде едноставната смисла на добродетелот. Деветте кругови на Пеколот се само инкарнација на последиците од злобните подвизи на човека. Човекот треба да се научи да го следи Господ и да дојде поблиску до Него. Еден камен колку и долго да стои во вода, водата нема да може да навлезе во него. Се чини дека истото се случува со луѓето, тие со векови се опкружени со морално – етички усовршувања, но христијанските вредности се недопрени. Христијанството е ништо друго освен здрав и морален начин на живот кој ни го налага Бога, живот под круната на доброто. Овој литературен ренесансен столб ни упатува порака дека е неопходно е да си погледнеме во нашето срце и да се запрашаме кон кој пат треба да го насочиме нашиот дух. Во нашето срце се одвива битка помеѓу волкот на добрината и волкот на злото и победува оној кој повеќе го храниме и никогаш не треба да бидеме неодлучни во тој поглед бидејќи најтемните места во Пеколот се резервирани за оние кои се неутрални во времиња на морална криза.

Лука Иванов II – 7

  • Share:
author avatar
1nf3rn0

Previous post

ДОЛИНАТА НА СМРТТА
June 13, 2021

Next post

ЧОВЕК
June 13, 2021

You may also like

old book open on dark wood background
Како интернетот го промени нашиот живот
13 June, 2021
old book open on dark wood background
Анализа на делото „Канцониер“ од Франческо Петрарка
13 June, 2021
old book open on dark wood background
„МОЈОТ МАЖ“ ОД РУМЕНА БУЖАРОВСКА – КРИТИЧКИ ОСВРТ
13 June, 2021

Leave A Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Најнови вести

литературната средба со Раде Силјан
24Jan2019
фестивал Џифони-Македонија
24Jan2019
“Јазик” – VI Корчагински мјузикл
28Mar2020
Етичките предизвици во време на пандемиска образовна дистопија
10Dec2020
Фонд за поддршка на талентирани студенти
18Feb2021

© Powered by Fenix Design. 2022

Back to top