• Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
    • Алумни
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт
КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:
(02) 3115-116
rade.korcagin@gmail.com
Ул. “Трета македонска ударна бригада” број 9, Скопје 1000
СУГС Раде Јовчевски - Корчагин
  • Дома
  • За Нас
    • За Патронот
    • Архива на делата на Стефан Сидовски – Сидо
    • Куќен ред
    • Годишна програма
    • Правилници и извештаи
    • Завршни сметки
  • Новости
    • Активности
    • Настани
    • Соопштенија
  • Кариерен центар
    • Алумни
  • ERASMUS+
  • Настава
    • Наставен кадар
    • Литературни клубови и драмски секции
    • Филозофија
  • Контакт

lit_klub

ДЕМОКРАТСКИ ТИРАНИ

  • Date June 13, 2021

        Циркусот е празен, сите кловнови се тука. Се сетив да креирам нешто сатирично и бидејќи сатирата е потемната и позлобната сестра на хуморот, веднаш се сетив на кловновите кои се носители на комедијата, но колку и тие да шират „радост“, симболично кажано, нивната тага и солзи ги кријат позади маската и шминката и позади таа хистерична смеа се крие плач и повик за помош. Практично, кловновите се олицетворение на општеството и нивните притаени чувства и одлики: скршеност, осиромашен дух и меланхоличност кои се речиси идентични со фазите низ кои последователно поминува општеството. И самиот Џокер како лик и кловновска фигура е само едно платно врз кое е насликана бруталноста на општеството и шамарот кој му го удира колективната свест на поединецот. И покрај сите тие доживеани падови, тој карактер е преобразен во жесток критикувач на системот во чија икона се пронаоѓаат „заробениците“ на властодршците. Токму концепирајќи ги паралелите и компарациите меѓу кловновите и општеството, НЗС меѓу тие два елементи е мрачната реалност. Јас не сум некој што знае да кажува шеги, но знам дека светот станува шега поради сиве овие кловнови или самонаречени лидери кои ги окупирале сите агли околу нас и господарат со земјината топка. И филмски режисери како Скорсезе, Тарантино и Копола да се спојат, нема да можат да напишат сценарио какво што имаат спремно господарите на светот. Ако Александар Македонски воскреснеше и имаше можност да ја види оваа состојба, би побарал да го оставиме десетина минути во тоалет за да се исповрати на мира. Сигурен сум дека Вашингтон и Линколн имаат вртоглавици додека од горе ги набљудуваат осквернувањата во САД и баш чудно е што земја која со леснотија ни бира ново име нас, тешко избира свој Претседател. Очигледно, Гете ги дефинирал глобалистичките водачи пред двесте години преку ликот на Фауст и тие како и Фауст си ја продале душата на ѓаволот за да ја имаат моќта со која ќе раководат со туѓи животи нерационално и нетрезвено. Лидерите се избрани за да го предводат народот, но сите тие се како Јуда што бил кон Исус и не прават ништо друго освен бескрупулозно предавство. На оваа замислена шаховска табла, западните политички аристократи носејќи го знамето на демократијата и во името на таа лажна слобода симнуваат азиски и африкански претседатели од власт, а позади таа маска се крие деструкција што им дише во врат на блискоисточниот и африканскиот свет и кога ќе ги видиш таму тие рушевини создадени од т.н. слободарски херои, односно антихерои и кога ќе ги видиш изнемоштените родители и нивните деца во искината облека и нарушена здравствена состојба, би си рекол дека за некои слободата е мајка, а за други маќеа. Сепак, само политичката сцена не го формира театарот на општеството. Зачин на смислата на оваа високобуџетна претстава што ни е сервирана, своја боја ѝ дава и обичниот народ кој толку личи како куп марионети контролирани од светските лордови што дури чудно ми е што кога ги гледам луѓето надвор не им ги препознавам куклените конци на рамениците. Трогателно е што меѓу луѓето имаме милион гласачки активисти што наводно се борат за некои си права, а не го дуваат ветерот на промената. Војуваат за слобода на говор, а го критикуваат секого што мисли поинаку од нив со што го истакнуваат нивното лицемерие. Па, не за џабе Платон рекол: „Најомразен е оној што ја кажува вистината!“, а и искрено од што ни плукаат во лице безброј лаги, заборавивме дека вистината егзистира. Секој ден сакаат да нè истераат подалеку од Господ. Државните органи се така воспоставени од тиранијата така што го хипнотизираат умот на севкупната популација. Луѓето стануваат толку наивни до тој степен што се потврдува тезата на Сталин, која вели: „Најдобар начин за да ги држиш луѓето под своја капа е да ги третираш како кокошки. Земи им сè што имаат со тоа што ќе им ги искубеш пердувите и потоа фрли им парче леб. Така, тие ќе те следат засекогаш!“. Денес, луѓево се изморени од апсолутистичкото влијание на политиката и на општеството му е здодевно веќе да лежи на наковалната и да ги поднесува ударите од чеканот на демократските тирани. Доколку ваков карактер имаат елитите и во иднина, очекувајте да има промени кога Стиви Вондер ќе прогледа. Но, сите треба да знаат дека трпението на народот е како кула од карти и иако олигарсите ја уништуваат таа кула, нека пазат да не се сопнат од тие расфрлани карти и да паднат во јамата на црната историја. После нека не се бунат кога ќе има жестоки револуции кои ќе ја превртат и запалат земјата бидејќи детето кое не искусило топлина од своите родители, ќе го изгори цел град само за да се стопли.

 

 

Лука Иванов II – 7

  • Share:
author avatar
1nf3rn0

Previous post

Промоција на книга "Љубов од одаите на душата".
June 13, 2021

Next post

ДОЛИНАТА НА СМРТТА
June 13, 2021

You may also like

old book open on dark wood background
Како интернетот го промени нашиот живот
13 June, 2021
old book open on dark wood background
Анализа на делото „Канцониер“ од Франческо Петрарка
13 June, 2021
old book open on dark wood background
„МОЈОТ МАЖ“ ОД РУМЕНА БУЖАРОВСКА – КРИТИЧКИ ОСВРТ
13 June, 2021

Leave A Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

© Powered by Fenix Design. 2022

Back to top