Светскиот ден на креативноста и иновативноста


Машинскиот факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, се приклучи кон прославата на Светскиот ден на креативноста и иновативноста – 21 Април 2018 година. Учениците од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, под менторство на професорката по англиски јазик и иновации и претприемништво Татјана Голчева и професорката по економија и бизнис и претприемништво Лидија Стојчева беа дел од оваа трибина.

Целта на одблежувањето на овој ден, под покровителство на Обединетите нации, беше да се охрабрат сите луѓе и да ја искористат својата креативност за да го направат светот подобар, а самите да создадат пристојни услови за живот за себе, но и за другите на нашата планета. Прославата на овој ден ги поддржува и глобалните цели за оддржлив развој 2030 за планетата Земја.

Машинскиот факултет, во соработка со Холандско-Македонската стопанска комора, во знак на Светскиот ден на креативноста и иновативноста ја организираа трибината „Како да се стимулира креативноста и иновативноста во образовниот систем?“. Трибината се одржи во просториите на факултетот на 21 Април 2018 (Сабота) со почеток во 11:00 часот.