Мартинки во чест на месец март и доаѓањето на пролетта


Мартинки се бразлетни исплетени на различни начини од црвена и бела волница. Белата боја ја симболизира чесноста и искреноста, а црвената светлината и љубовта .Се верува дека овој обичај доаѓа од македонскиот празник Ксантика, на кој нашиот народ верувал дека се случува „прочистување на душата“, и доминација на разбудената пролетна светлост над зимската темнина. Мартинката се носи на левата рака, закачена на облеката или како приврзок сè додека расцвета првото дрво или не се види првата ластовичка. Секој 1-ви Март во чест на доаѓањето на пролетта, нашите вредни ученици, плетат уникатни мартинки. Тие денес станаа омилен моден додаток на учениците и на професорите. Годинава за нив беа задолжени учениците од трета година , а собраните донации се наменети за учениците од нивната генерација кои неможат да си ја дозволат екскурзијата.Проектот беше под менторство на професорката Гордана Геческа и Училишната Заедница.