ЗА ЉУБОВТА СО ЉУБОВ


Традицијата на славење на Св.Валентин е најверојатно една од најдолгите во историјата на христијанството. Првите честитки за Св.Валентин датираат од Англија и Шкотска, во раниот среден век, кога постоел обичај на прагот на својата сакана да се остави љубовна порака или честитка украсена со чипка или со некој друг материјал. Во нашата гимназија, овој ден се одбележува и празнува години наназад.Благодарение на проф. Маја Христова Богданова и нејзините „Валентинци“ секоја година гимазијата осамнува беспрекорно украсена…. Училишниот хол е место каде се оставаат љубовни писма и пораки кои во текот на денот се доставуваат на точните адреси. Според бројот љубовните пораки,се чини оваа генеација Корчагинци живее од и за љубов. Во рамки на настанот, учениците се фотографираа за нивниот„ Споменар за љубовта“.Годинава, по повод пазникот на љубовта, учениците имаа можност да следат предавање на тема „ Хемизмот на љубовта “ и потоа да учествуваат во дебата.Сретствата собрани од фотографирањето и од продадените билети за предавањето ќе бидат донирани за планираната екскурзија. За добрата атмосфера од прославата на ПРАЗНИКОТ НА ЉУБОВТА И ВИНОТО можете да се уверите од нашите фотографии…