Корчагинската хуманост на дело


Учениците од гимназијата ,,Раде Јовчевски Корчагин” со професорката Снежана Пеловска им приредија прекрасно изненадување на децата од Дневниот центар при Детската амбасада Меѓаши. Во рамките на проектната активност Иновации и претприемништво тие подготвија аукција од која собраа средства за пакетчиња и посакаа да ги подарат на ранливи групи деца. Радоста беше неизмерна.