Кога музиката ќе го украде филмот на француски начин


На ден 22. 12. 2017. во свечената сала на РЈК, се одржа вечер посветена на сите вљубеници во францускиот филм. Маестрално беа претставени некои од најдобрите остварувања на француската кинематографија , а со своите изведби учесниците на овој музички хепенинг ги стоплија срцата на посетителите во оваа студена декемвриска вечер. „За нив сите саботи беа работни од средината на септември….И некаде меѓу 2 теста, 3 писмени и 6 дела за обработка , успеаа да спремат настан за паметење. Show – кое никого не остави рамнодушен…Учествуваа деца од сите години и сите смерови, вљубеници во францускиот јазик , филм и култура..Изведуваа музички теми од познати филмови, а најдобри се покажаа најмалите, првачињата…Горди сме на своите ученици , нивниот ентузијазам, талент и посветеност“…Изјавија менторките на настанот, проф. Татјана Алексиќ и проф. Билјана Димовска.