Хуманитарна свирка во пацио


Пациото на Корчагин е „Љубов“ Легендарното пацио се наоѓа во центарот , во срцето на гимназијата Корчагин. Ова омилено катче на учениците доби ново руво и стана епицентар на позитивна енергија. Култното место, каде Корчагинци ги поминуваат своите редовни „голем“ и „мал“ одмор, сега стана и сцена за идните големи уметници. Некогашната празна фонтана на љубовта (како што сами ја потпишаа учениците) ги доби своите штици што живот значат, и нова димензија на средношколска бина. На 22. 09. 2017 година, Корчагин организираше свечено отворање, собирајќи ги во гимназијата сите оние кои го дишат Корчагин во своето секојдневие. Бившите и актуелните, матурантите и првачињата, професорите и родителите, створија синергија од музика , ритам, говор и љубов. Виктор Захариев – некогашен член на Корчагинскиот бенд Problem solved, кој на Корчагинските мјузилки им даруваше ноти на сериозно музицирање, сега е гитарист на најпопуларниот скопски бенд Fiction , за кој допрва ќе се зборува…Ете така почнуваат малите нешта, од малите одмори, во мали мјузикли и приредби се станува голема ѕвезда… Бескрајна благодарност до бендот„ Fiction“ што ја прифатија поканата, и свиреа во хуманитерни цели и за Корчагинските ученици со што овозможија прекасни мигови за нивните фанови. Програмата ја збогатија : Јане Апостоловски, Уна Николоска и Дина Велкова, како и матурантите Дина Јашари , Дамјан Димовски и Стојан Тодоровски. Ви пренесуваме дел од атмосферата ….