Сите на точак


Во организација на Градот Скопје и Секторот за заштита на животната средина и природата, а во рамки на традиционалното одбележување на Европската недела на мобилност под мотото „Споделувањето те движи напред. Урбана мобилност. Урбани херои“, корчагинци масовно се вклучија во Големото велосипедско дефиле кое се одржа на 22.9.2017 година (петок) и истото заврши со лотарија и музички хепенинг на бината Школка во градскиот Парк. И овојпат меѓу среќните добитници на велосипеди се вброија и наши ученици.