Нашата амбалажа во рециклажа


Почитувани ученици, еколошки освестени Корчагинци: 1. пластичните шишиња за вода и сокови кои секојдневно ги користиме се едни од најголемите загадувачи на животната средина. За едно пластично шише фрлено во природа да се распадне потребен е период од 1000 години, Во Македонија годишно се троши 30 000 тони пластична амбалажа, па доколку не ја рециклираме и во буквална смисла ќе не затрупа. 2. Училишните активности подразбираат многу искористена хартија во текот на денот. Ако хартијата заврши во вистинската корпа за одпадоци, ќе ги поштедиме дрвјата. Со секој тон рециклирана хартија зачувуваме 17 стебла. 3.На стаклото фрлено во природа, му се потребни повеќе од 5000 години да се распадне, а истото може да се рециклира безброј пати, не губејќи на квалитет. Имајќи ги во предвид наведениве факти гимназијата Раде Јовчевски Корчагин , отпочна акцција „Нашата амбалажа во рециклажа“. За таа цел ги повикуваме сите ученици, професори и вработени, кои сакаат да придонесат за зачувување на природата и подигање на еколошката свест, да се вклучат во акцијата за сортирање на отпад. Кутиите за сортирање во кои ќе можете селективно да го одлагате одпатот, ќе бидат поставени во секоја училница. Се надеваме дека ќе ја препознаете нашата иницијатива за намалување на количеството отпад на депониите, со што ќе придонесувате за зачувување на животната средина, штедење на сировини, вода и енергија и ќе ни помогнете во остварување на проектот. И секако, не ги фрлајте истрошените батерии, тие ќе бидат гратис влезници за претстојните забави! Да ја чуваме планетата земја и природата на неа, бидејќи не ја наследивме од своите дедовци, туку ја позајмивме од своите потомци. Ви благодариме за соработката