Мултиетничко претприемништво


Корчагинци, неуморни и оваа година за нови знаења и предизвици, учестувуваа на трибината “ Промоција на мултиетничко претприемништво- И јас сум претприемач”, во рамки на проектот “Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи”, финансиран од Европската унија. Настанот се одржа на 15.09.2017г., под менторство на професорката по англиски јазик Татјана Голчева. Учениците имаа можност да се запознаат и да дискутираат со млади претприемачи, луѓе кои сакаат да засноваат свој бизнис, како и со претставници на релевантни институции за поддршка. Разменија идеи и даваа предлози за зголемување на ефикасноста и иницијативи за бизнис поддршка и мулиетничка соработка.