International Village 2017


Оваа година, во периодот од 01.09 до 10.09, Корчагинци традиционално беа дел од проектот International Village, кој се одржа во Стара Лубовна, Словачка. На овој проект организиран од страна на професорката по англиски јазик Татјана Голчева, учениците пред се можеа да си ги подобрат своите јазични вештини по англиски јазик, односно имаа настава со професори од САД и Велика Британија. На овој необичен камп, имаа можност да стекнат пријателства со млади од различни земји: Полска, Латвија, Бугарија и Романија. Особено интересно беше на активностите како: пеење, танцување, планинарење, готвење и др. Освен тоа, ги посетивме и неописните, прекрасни, европски градови како Будимпешта, Краков, Виена и Нови Сад. Значајна беше и посетата на концентрациониот логор Аушвиц и Биркенау за кои тешко може да се зборува. Се вративме исполнети пред се со повеќе знаење, нераскинливи пријателства, засекогаш запаметена дружба и без зборови за ова фантастично, бесценето патување!