Nasa Space Apps Challenge


Nasa Space Apps Challenge е глобален натпревар, 48 часовен хакатон, во којшто секоја година учество земаат повеќе од дваесет и пет илјади луѓе ширум светот. Но, хакатонот е многу повеќе од правење апликации. Тоа се предизвици кои вклучуваат роботика, визуелизација на мапа, хардвер, дизајн и многу други елементи. Националниот натпревар го организираше New Mаn’s Business Accelerator. Програмери, дизајнери, научници, технолози и ентузијасти за вселената се собираат на едно место со една цел да ги решат проблемите со кои се справува планетата Земја.  Учесниците на хакатонот избираат еден предизвик од најразлични категории. Справување со природни катастрофи, следење на миграционите процеси на различни видови животни, осмислување на одржливо живеалиште за различни услови беа само некои од предизвиците поставени на учесниците. Во текот на четириесет и осум часовниот период секој тим ја развива својата идеја, со изработување на програма, макета или функционален прототип со што побрзо ќе се стигне до ефикасно решение. Оваа година во Македонија учество зема и тимот Делта којшто беше избран од жирито како еден од финалистите на хакатонот. Тимот Делта го сочинуваат учениците од трета година во нашето училиште Раде Јовчевски- Корчагин. Интересно е тоа што сите се од ист клас. Финалистите од тимот Делта се: Јована Крстиќ, Марко Марковиќ, Ива Цветковска, Мирослав Ѓорѓиевски, Никола Јовановски и Никола Петровски,  под менторство на проф. Жаклина Прекиќ. Со влезот во финалето на национално ниво,  Делта стана номиниран и се натпреваруваше за влез во финале со победниците од сите други земји во светот. Истовремено тимот се натпреваруваше и на локално ниво, на ниво на Република Македонија, каде што го освои второто место. Набрзо потоа беше избран за глобален финалист од NASA, со што Делта постигна огромен успех, бид. стана првиот тим од Македонија избран за финалист на глобално ниво, номиниран од жири комисијата директно од NASA, со пласман меѓу петте финалисти во категоријата најдобро користење на хардвер (Top5 Best use of hardware teams) од вкупно 2000 екипи од 69 држави од цел Свет. Идејата на Делта се состоеше во поставување на сензори опремени со термални камери и анемометри во шумите и подрачјата подложни на пожари. Истовремено, податоците од камерите и анемометрите се вклучени во десктоп и мобилна апликација која покажува кој сензор прв регистрирал пожар, дава аларм и истовремено нуди и патишта за евакуација и ја предвидува насоката во којашто ќе се движи пожарот. Тимот Делта неуморно работеше на развивање на овој концепт, но и негово постојано усовршување водејќи се со мислата дека секогаш треба да стремат кон подобро. Пласманот во финалето дефинитивно отвори многу можности за Делта. Тие се задоволни и благодарни за укажаната прилика. Имаат намера и понатаму да продолжат со овој проект, функционирајќи во составот што им го донесе овој успех. #Delta NASA SpaceApps Challenge 2017 https://2017.spaceappschallenge.org/awards/global-finalists https://2017.spaceappschallenge.org/challenges/warning-danger-ahead/and-you-can-help-fight-fires/teams/delta/project https://earthdata.nasa.gov/2017-space-apps-global-award-nominees http://www.newmansba.com/team-delta http://www.newmansba.com/smart-center/nasa-space-apps-challenge-2017 Видео оd гостувањето во утринска: https://drive.google.com/file/d/0B68pG4hi7J7kX0pJbk1HcE1CRzQ/view