OLYMPIADES 2017-Натпревар по француски јазик за трета година


КОРЧАГИНЦИ и оваа година ќе учествуваат на мегународен натпревар по француски јазик. Ученичките Севдалина Дамевска од билингвална паралелка и Милена Трајаноска од класична паралелка, ментор Слаѓана Стојановска, професор по француски јазик, ќе бидат дел од групата наградени ученици кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар што ќе се одржи во Ерменија.

Искрени честитки до наградените ученици и желби за успех на меѓународни ниво и секако успех на сите учесници на овој натпревар.

Општинскиот натпревар се одржа на 14.03.2017 год. Се пријавија 10 ученици од билингвалната паралелка и 3 од класичните паралелки. На регионалниот натпревар учествуваа 4 ученици од билингвална категорија, Нина Станоева, 1во место, Сара Панковска, 2ро место, Севдалина Дамевска, 3то место и Јаков Шаревски, 4то место и од класична категорија, Милена Трајаноска, 1во место и Елена Карпузовска, 2ро место со ментор Билјана Димовска. Освен еден ученик, сите останати продолжија на државниот натпревар којшто се одржа на 22.04.2017 год во просториите на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје на катедрата за француски јазик и книжевност.

КОРЧАГИНЦИ и оваа година ќе учествуваат на меѓународен натпревар по француски јазик   “Olympiades 2017” Ученичките СЕВДАЛИНА Дамевска,трета година билингвална,и МИЛЕНА Трајаноска,трета година класична,ќе бидат корчагински претставници во Ерменија.

Честитки за сите ученици,а водено,од се срце,искрени честитки и до менторите.