ПРАЗНИК НА ФРАНКОФОНИЈАТА


Петок 24 март 2017 | Младински културен центар

Регионален форум „Францускиот јазик, младите и можностите за работа“.

Учество на ученици од трета и четврта година од билингвалните паралелки од СУГС Гимназија Раде Јовчевски- Корчагин придружувани од професорката по француски јазик Слаѓана Стојановска.

Учениците земаа активно учество на сите тркалезни маси:

  1. „Францускиот јазик, неопходен за меѓународна кариера”
  2. „Познавањето на францускиот јазик како можност за работа на младите на Балканот“
  3. „Франкофонски универзитетски обуки достапни во Европа“

Во рамките на форумот беа изложени и најдобрите 10 фотографии од меѓународниот фото-натпревар “ Зборувам Француски” меѓу кои беа и фотографиите на Искра Бојковска и Бојана Пешова и двете ученички во четврта година во билингвалната паралелка. На натпреварот учествуваа и други ученици.