NASA Space Apps Challenge!


NASA Space Apps Challenge е најмасовен интернационален хакатон во светот што се случува истовремено на 6 континенти, во 150 градови, со над 15.000 учесници. Програмери, научници, дизајнери, инoватори, економисти и сите ентузијасти за вселената работат на зададени предизвици од NASA, која за време на хакатонот дава отворени податоци од своите истражувања на учесниците за да ги искористат во своите решенија. Оваа година NASA Space Apps Challenge се оддржа по 5ти пат во Скопје, од 28-30 Април во просториите на NewMen’s Business Accelerator.Како и секоја година, NASA постави реални предизвици од различни категории. Овогодинешните категории беа од областа Earth и Space. Двете екипи од Корчагин, екипата Делта, под менторство на проф. Жаклина Прекиќ и екипата Свифт под менторство на проф. Валентина Аниќ, се двете од вкупно три екипи, суперфиналисти на NASA Space Apps Challenge Macedonia 2017, како дел од глобалниот светски натпревар. Како награда по повод јубилејот ексклузивно оваа година победничкиот тим од Скопје ќе има можност да патува во Кенеди Центарот на NASA во Флорида и да проследи полетување на вселенско летало, но и да го презентира своето решение пред претставници на NASA и комерцијалната вселенска индустрија. со покриени трошоци за пат и влез како и обезбедена логистика .Авионските карти за членовите на победничкиот тим се обезедени од традиционалниот партнер на овој Натпревар во Македонија – Амбасадата на САД. Гимназијата Корчагин и нејзините корчагинци претставуваат силен импулс во развојот на образовната дејност, а со тоа и практично се потврдува определбата за интелектуалното инвестирање во образованието и за создавање на високопрофесионален кадар кој е императив и основен предуслов за развој и напредок на секое општество. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1336912693068169&id=153779774714806 https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1335455709880534&substory_index=0&id=153779774714806 https://www.youtube.com/watch?v=PZRYRN993HU&feature=share&app=desktop https://2017.spaceappschallenge.org/