Проекција на средношколска видео лектира!


Оваа година, во рамките на Едукативната програма на Филозофскиот Филмски Фестивал, се одржа проекција на средношколска видео лектира, „Dr. Strangelove“ на Стенли Кјубрик, и Конкурс за најдобар средношколски филмософски есеј на тема „Технологијата, моќта и (само)уништувањето: Можеме ли да ги контролираме ефектите од сопствените пронајдоци?“.

На конкурсот учествуваа девет гимназии од цела Македонија: СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС Гимназија „Орце Николов“, СГГУГС „Здравко Цветковски“, СУГС Гимназија „Никола Карев“, СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје  и ПСУ „Јахја Кемал“ (од Скопје), СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.

Од 72 пристигнати есеи, Комисијата во состав проф. д-р Ана Димишковска,доц. д-р Трајче Стојанов, и д-р Трајче Серафимовски ги награди: Илина Димовска (I место), СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес (ментор: Бошко Караџов); Павел Ѓорѓовски (II место), СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје (ментор: Даниела Николова) и Филип Бранимир Букшиќ (III место), СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје (ментор: Јулијана Јолевска).

Учениците беа наградени со едногодишни стипендии од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, парични награди од донаторот г. Бранимир Матевски, филозофска литература од издавачката куќа „Аз-Буки“, филозофски списанија од Филозофското друштво на Македонија, како и ДВД-а со македонски филмови и списанието „Кинопис“ од Кинотеката на Македонија.