УЧЕНИЦИТЕ ГИ НАГРАДИЈА ПРОФЕСОРИТЕ!


„Корчагинска просветилка“ по четврти пат во МОБ на 4-ти април во салонот на Македонската опера и балет,Корчагинските матуранти од генерацијата 2013-2017, ја поставија на сцена четвртата по ред Просветилка, манифестација која е препознатлив корчагински бренд.
Матурантите на оригинален и креативен начин им се заблагодарија на своите наставници со рачно изработени маскоти во форма на академски светилки.
Манифестацијата ја отвори директорот на гимназијата м-р Јордан Лукаревски,по што следуваа номинации за најавангарен, најорганизиран, најкреативен, најавтритативен, најведар професор..итн.
Матурантите ги забавуваа своите наставници, соученици, родители и пријатели со музички толчки, скечови и видео записи, ширејќи синергија од позитивни чувства.
Наставниците пред полната сала имаа повеќе трема и возбуда од своите ученици, но и срце полно љубов и благодарност за укажаната почит, како и искрени желби за понатамошни успеси на матурнтите.
На следниов линк ви ја доловуваме атмосферата.
https://www.youtube.com/watch?v=NBa22YMI9Pk&list=PLO-S8TykGz8x_ao5fYttGomcE9ruNpTTe