Регионални натпревари по географија!


На ден 01.04.2017 година  традиционално се одржаа регионалните натпревари по географија .

Овој настан беше организиран од Македонското Географско Друштво  во просториите на СУГС ,,Лазар Танев“.

Нашите ученици  под менторство на професорката по географија Весна Томовска земаа активно учество и  успешно го претставија училиштето. Меѓу најуспешно рангираните се истакнаа ученичката Ангела Здравковска од IV-2 која освои второ и ученикот Стефан Голубовски од II-2 кој освои трето место на ниво на град Скопје .

Им честитаме на успехот до сега и продолжуваме на државно ниво.