И повеќе од победа!
Нашата матурантка Јована Крстевска ја освои првата награда за најдобра шансона на манифестацијата „Денови на франкофонијата“ одржана на 01.04.2014 во Скопје (Дом на АРМ).
Joвана го оживеа ликот на Епонин од романот „Клетници“. Како што моќното перо на Виктор Иго не остава без здив, така и Јована со својата интерпретација ни ја пренесува безвременската уметност низ просторот и времето. Кога таа пее слушаме харизма, чувствуваме револуција, гледаме суптилност,… синергија на сите сетила!!! И кога жирито ја прогласи за победник, Јована ја отстапи наградата на второпласираната, затоа што веќе освои награда за најдобар видео клип…патување во градот на светлината Париз. Таа несебично и ја подари ,,светлината‘‘ на својата соученичка од гимназијата ,,Георги Димитров‘‘.
Јована, Корчагин со тебе се гордее, ти си нашата светла точка!